Габрово — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.
Географија и местоположба
мини|лево|250п|Куќи во селото
Ова мало село се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, од десната страна на железничката линија Скопје-Гевгелија. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 300 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 31 километар.
Селото се наоѓа на источните падини на планината Кожуф. Водата за пиење во селото се обезбедува од сопствени бунари.
Историја
Подрачјето на Габрово е населено уште од доцната антика, за што сводочат повеќето археолошки наоѓалишта околу него.
Во отоманскиот период, селото било чисто турско село.
Селото активно учествувало во текот на Втората светска војна. Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Има мошне голем атар, што зафаќа површина од 28,8 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 2.227,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 137,1 хектар, а на пасиштата само 3,5 хектари.
Селото има полјоделско-шумарска функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Габрово имало 75 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габрово имало 96 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Габрово било мешано македонско и турско село со 20 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Габрово е мало село, во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 208 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 31 жител, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Габрово имало 20 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.
Самоуправа и политика
Во век, Габрово било село во Гевгелиската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Миравци.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 366 според Државната изборна комисија, сместено во приватна куќа.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 8 гласачи. На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Аузо — населба од римското време; Градиште — средновековно градиште; Дедовец — рударска населба од римското време; Кочиње — населба од доцноантичкото време; Лалово Трло — населба од доцноантичкото време; Селиште — населба од римското време; Стојков Рид — некропола од доцноантичкото време; и Студенка — населба од доцноантичкото време.
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, дело на истакнатиот мајстор Андон Китанов
Споменици Споменик на НОБ
Езера Габрешко Езеро — мало езеро во близина на селото
Реки Габрешка Река — мала река низ селото
Споменици на природата Висока Чука (див прнар) — споменик на природата прогласен во 1977 година
Галерија
Наводи
Поврзано Бојмија Општина Гевгелија
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Гевгелиски села Категорија:Села во Општина Гевгелија