Тумба — врв на планината Беласица во југоисточна Македонија на 1.881 м.н.в. На врвот се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, Бугарија и Грција, односно Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија.

До планината Беласица може да се стигне преку селото Смолари, кое се наоѓа на 28 километри од Струмица. Од Смолари се стигнува до планинарскиот дом „Шарена Чешма“. Потребни се 2,5 часа пешачење до домот и уште толку од таму до врвот Тумба.

Бидејќи овој врв се наоѓа на македонско-бугарската и македонско-грчката граница, потребно е да се добие дозвола за движење долж границата. Дозволата се издава во место на живеење. Патеката е обележана, а домот „Шарена Чешма“ работи по потреба, со претходна најава во планинарското друштво „Ентузијаст“ од Струмица. Од 2001 година секоја година во август се организира меѓународен планинарски поход за искачување на врвот, насловен „Балкан без граници“.

Приоди за искачување Најпогодни приоди за искачување на врвот се следните:

: Смолари и ПД „Шарена Чешма“, Општина Ново Село : Клуч, Скрт, Габрене и ПД „Лопово“, Општина Петрич : Шугово (Платанаќа), Глибовци (Калохори) и Палмеш (Кастануса), Валовишко (денешна општина Синтика)

Поврзано Беласица Наводи

Надворешни врски

Фоторепортажа за искачувањето на Тумба во рамките на „Балкан без граници 2015“, ФПСМ БЕЛАСИЦА – Тромеѓа 1881 мнв, Комисија за планинарски патеки при ФПСМ

Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Македонско-бугарска граница Категорија:Македонско-грчка граница Категорија:Бугарско-грчка граница Категорија:Географија на Струмица Категорија:Тромеѓи Категорија:Врвови на Беласица Категорија:Врвови во Егејска Македонија Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Меѓународни планини во Европа