Оруро (шпански: Oruro) е град во Боливија. Според проценките за 2010 година, градот има население од 235.393 жители.World Gazetteer Оруро се наоѓа на надморска височина од 3.710 метри. Градот е главен град на департманот Оруро. Градот е познат по Карневалот од Оруро.

Име Името потекнува по староседелскиот народ Уру-уру.

Историја Градот бил основан на 1 ноември 1606 година од страна на Мануел Кастро де Падилја. Првично местото било рударска населба за сребро и било именувано како Реал Вилја де Сан Фелипе Австриски (Real Villa de San Felipe de Austria). Наскоро гратчето било напуштено поради падот на рударството. Градот бил повторно основан во 19 век како рударски град. Во близина на градот има рудник за калај.

Местоположба и клима

Оруро се наоѓа северно од езерата Уру-уру и Попо. Градот се наоѓа на надморска височина од 3.709 метри и е познат по ладното време. Топли денови има во август, септември и окромври. Од мај до јули температурите ноќе може да паднат и под -20 степени поради ладните ветришта. Во регионот се забележани обилни врнежи од дожд од ноември до март.

Збратимени градови Бирмингем, Велика Британија Лима, Перу Солт Лејк Сити, САД

Галерија

Наводи

Поврзано

Боливија Градови во Боливија

Надворешни врски

Информации за сместување, карневали, фестивали и туризам во Оруро Времето во Оруро Карневал во Оруро Карневал во Оруро Карневал во Оруро Оруро

Категорија:Градови во Боливија Категорија:Населени места основани во 1606 година

eo:Oruro