Таен централен бугарски комитет или Таен бугарски централен комитет — организација основана по иницијатива од Романија, во соработка со револуционери од Бугарија. Организацијата дејствувала меѓу 1866 и 1868 година. Бугарската историографија ја толкува организацијата како еден од најстарите здруженија основани надвор од Бугарија. Покрај нејзиното кратко дејствување ТЦБК редовно ги променила нејзините цели. Отпрвин се бореле за автономија на христијаните во Отоманското Царство, подоцна подржиле сојуз меѓу Бугарија и Романија.

Околу крајот на 1868 година, поради внатрешни несогласувања, централниот комитет бил укинат заедно со организацијата. Сепак движењето продолжило, овој пат под водство на Васил Левски. Во 1870 година било основано Бугарскиот револуционерен централен комитет кој соработувал со Внатрешната револуционерна организација.

Податоци Ноќта, помеѓу 10 и 11 јуни 1866 година во Букурешт бил извршен државен удар и кнез Јован Александар Куза бил соборен од престолот. Со тоа бил прекршен договорот со Османлиското Царство која го признала обединување на Влашка и Молдавија во 1858 година. Османлиското Царство инсистирала на резделување на двете кнежевство и почнала да собира сили на Дунав.

Новата романската влада побарала поддршка од бугарската емиграција. Како резултат на преговорите помеѓу двете страни, бил постигнат договор за заеднички активности против Османлиското Царство, бил потпишан и „Закон за света коалиција меѓу Романија и Бугарија", а во декември 1866 е основан Тајниот централен бугарски комитет. За раководител на комитетот бил избран Иван Касабов. Комитетот имал за цел формирање на бугарска држава, а притоа се дозволувало да биде зависна од Високата порта или дел од една поширока конфедерација со соседните народи. За постигнување на целта не се исклучувало и вооружено востание. Во статутот и програмата на Комитетот, било предвидено изградба на организациона мрежа на територијата на Романија, Србија, Јужна Русија и Бугарија. ТБЦК сметал на финансиска помош од романската влада.

По надминувањето на противречностите помеѓу Романија и Османлиското Царство, романските претставници се повлекле од соработка со Комитетот, а ТЦБК ги продолжил своите активности, како самостојна организација. Во Комитетот се оформиле две крила - умерено (Пандели Кисимов, Иван Грудов, Иван Аџенов) и радикално (Иван Касабов, Киријак Цанков).

Комитетот извршил неколку пропагандни акции, со цел промоција на Бугарското политичко прашање. Во декември 1866 година била издена брошурата "Бугарија во Европа", во март 1867 бил подготвен и доставен еден мемоар до султанот Абдул Азис. Во мемоарот било побарно создавање на бугарско-турска држава, по примерот на неодамна создадената Австроунгарија. Со неколку дополнувања, мемоарот бил испратен и до рускиот император Александар II, францускиот император Наполеон III, прускиот крал Вилхелм I, прускиот канцелар Ото фон Бизмарк и до редакциите на влијателни европски весници со барање за помош за разрешување на бугарското прашање.Борислав Гърдев - Несполучилият дуализъм Комитетот издавал и свој весник „Народност" (1867-1869).

ТЦБК е создаден без знаење и одобрение на Георги Раковски, кој има потценувачки однос кон него. Во 1868 година, Комитетот ја прекинал својата работа.

Наводи

Категорија:Бугарски револуционерни организации Категорија:Организации во Букурешт Категорија:Политика на Романија Категорија:Историја на Романија Категорија:Бугарски организации во дијаспората