Џорџ Џон Тери (роден на ) — англиски поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Најголемиот дел од својата кариера, Тери го поминал во екипата на , во која израснал и со која го направил своето деби во професионалниот фудбал. Тој поминал 19 години во Челси, носејќи ја капитенската лента на „сините“ и освојувајќи бројни трофеи: пет титули во Премиер лигата на Англија, пет ФА купа, три Лига купа и по еден трофеј во Лига Европа и Лигата на шампионите. Со 717 настапи во сите натпреварувања, Тери е на третото место на вечната листа по бројот на настапи во дресот на Челси, зад Рон Харис (795) и Питер Бонети (729).
Сметан за еден од најдобрите дефанзивци на неговата генерација, Тери добил и бројни поединечни награди во својата кариера. Бил избран за најдобар дефанзивец од УЕФА во 2005, 2008 и 2009 година, како и за играч на годината во 2005 година, а бил вклучен и во ФИФАПро најдобрите 11 во светот. Тој, исто така, бил избран во Ол-Стар тимот на Светското првенство во 2006, и бил единствен англиски играч во тимот.
За репрезентацијата на Англија одиграл 78 натпревари и постигнал 6 гола во периодот од 2003 до 2012 година. Своето деби го имал во јуни 2003 година, против Србија и Црна Гора. Тој ја претставувал својата земја на две Светски (2006 и 2010) и две Европски првенства (2004 и 2012). Тој, исто така, бил и капитен на репрезентацијата.
Технички карактеристики Тери важи како физички силен одбранбен играч, со доминантна игра во воздухот и е познат по своите агресивни одземања на топката, позиционирање, лидерство и неговата способност да ја проценува играта.
Наводи
Надворешни врски
John Terry profile at the Chelsea F.C. website John Terry profile at The Football Association website
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Нотингем Форест Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Англиски фудбалери