Трепетна согласка (вибрант) е согласен глас што се создава со треперење помеѓу говорниот орган и местото на творба. Македонскиот јазик содржи само еден трепетен глас, претставен со буквата р, кој е венечна трепетна согласка.
Меѓународната фонетка азбука ги претставува следниве трепетни гласови: - преднојазична трепетна согласка (макед. р) - двоуснена трепетна согласка - ресична трепетна согласка
Двоуснената трепетна согласка е прилично ретка. Преднојазичната најчесто се среќава во облик на венечното , но се среќаваат и забната и задновенечната творба и . Наводната свиена трепетна согласка присутна во јазикот тода е претставена со симболот (т.е. исто како свиена едноударна согласка), но може понедвосмислено да се претстави како , бидејќи само почетокот е свиен, а самиот трепет е венечен. Познат е и уште еден трепетен глас во улога на согласка, наречен нагласилна трепетна согласка. Надгласилните согласки честопати се алофонски трепетни, а во некои јазици трепетот е главната творба на согласката. МФА нема официјален симбол за овој глас, но во литературата напати се среќава [я]. Постојат итн. „остри самогласки“ кои се придружени од надгласилен трепет.
Чешкиот јазик има две противположни венечни трепетни согласки, од кои едната е струјната трепетна согласка (ř). Кај струјната трептна согласка, јазикот се подига, така што се добива чујно струење за време на трепетот, и звучи нешто како истовремено изговорени и . Симболот на овој звук е исфрлен од МФА, и сега гласот се претставува како (подигнато р).
Лиангшанското наречје на јазикот носу (ји) има две „брмчливи“ или струјни самогласки (се пишуваат ) кои може и да се трепетни, .
Чапакурскиот варски јазик и муранскиот јазик пираха имаат многу необична трепетна фонема - безвучната двоуснена потрепетна забна избувна согласка, .
Поврзано Начин на творба
Наводи
Категорија:Согласки