„Leave Me Alone“ е осмиот сингл на Мајкл Џексон од албумот Bad, издаден во 1989 година. Песната се наоѓа само на CD верзијата и никогаш не е издаден како сингл во САД. Песната доживеа голем успех во Велика Британија и го зазеде 44 место на списокот на најпродавани во Британија 1989. Песната се појавува во еден дел од филмот на Џексон Мунвокер. „Leave me alone“ е повторно издадена во 2006 година. Песната не е изведена ни на еден концерт од Џексон.

Категорија:Песни на Мајкл Џексон Категорија:Мајкл Џексон Категорија:Синглови на Мајкл Џексон Категорија:Песни од албумот Bad