Подјазична согласкаПоточно: „подврвнојазична“ (субапикална) е согласка што се создава со допир на опачината (долниот дел) на врвот на јазикот. Позастапените подјазични творби се среќаваат единствено во подрачјето од задновенечниот до преднонепчениот дел, и се нарекуваат „свиени согласки“ („ретрофлексни“).

Меѓутоа, највеќето таканаречени свиени согласки се всушност врвнојазичнни (апикални). Вистински подјазични свиени согласки се среќаваат во дравидските јазици во јужна Индија.

Поврзано Врвнојазична согласка Рамнојазична согласка Преднојазична согласка Место на творба

Наводи

Peter Ladefoged; Ian Maddieson. The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell 1996. ISBN 0-631-19814-8. Sanford B. Steever (ed.). The Dravidian Languages. Routledge. New edition 2006. ISBN 978-0-415-41267-4.

Категорија:Согласки