Горна Лешница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, во селото имало 189 жители.
Географија и местоположба Горна Лешница се наоѓа во Долни Полог. Селото лежи на западните падини на Сува Гора. Во близина на селото се Долна Лешница, Ларце и Добарце.
Историја Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 190 муслимани (Албанци).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Желино и имало 36 куќи со 226 жители Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 189 жители, од кои 1 Македонец и 188 Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 114 жители, од кои 104 Албанци и 10 лица без податоци.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2111 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 205 гласачи.
Поврзано Полог Општина Желино Тетово
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Горна Лешница на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино