Сезоната 2011-12 на фудбалскиот клуб Јувентус беше неговата 114-та во историјата и петта по ред во Серија А.
Дресови За оваа сезона 2011-12 дресовите на Јувентус беа направени од страна на Најк, додека главен спонзор на предната страна од дресот беше BetClic. Дресовите официјално се претставени на 6 јули 2011-та. Домашниот дрес според зборовите на претседателот на клуботги претставува традиционалните бои на клубот, црно-белите, со 3D ефекти. Гаќиците на домашниот дрес беа со бела боја за разлика од минатата сезона кога биле црни, додека гостинскиот дрес на екипата беше со розова боја и со голема црна ѕвезда на предната страна. Розовата боја на дресовите ја означуваше бојата на првите вистински дресови кој клубот ги имал на почетокот на 20 век, а имале токму розова боја. Броевите на играчите официјално се претставени на 20 август.
Преглед на сезоната Јувентус во новата сезона тргна со нов тренер, Антонио Конте, откако Лујџи Дел Нери заработи отказ по завршувањето на претходната сезона. Исто така, Јувентус во сезоната 2011-12 за првпат игра на својот нов стадион, Јувентус Стадион. Од 2006-тата година клубот настапуваше на Олимпискиот Стадион во Торино.
Стадионот официјално е отворен на 8 септември 2011 а гостина на пријателскиот натпревар беше англискиот Нотс Каунти, најстарата екипа на светот. Поради слабото 7-мо место во Серија А претходната сезона, Јувентус оваа сезона не настапуваше во европските натпреварувања.
Јувентус ја освои титулата во Италијанското првенство на 6 мај 2012, кога со 2-0 беше победен Каљари во Трст, додека нивните најголеми конкуренти за насловот екипата на Милан истиот ден е поразен од Интер во градското дерби. Исто така ова беше единствената сезона во историјата на торинскиот тим во која тие непретрпеа ниту еден пораз цела сезона (Имаа биланс од 23 победи и 15 нерешени). Титулата првак на Италија се враќа во Торино по 2006 година.
Популарните Бјанконери оваа сезона стигнаа и до финалето на Италијанскиот Куп, но поразен се таму од екипата на Наполи во Рим со резултат 2:0. Тоа воедно беше и нивниот единствен пораз во официјални натпревари во оваа сезона.
Заминувањето на легендата Сезоната 2011-12 беше последната во дресот на Јувентус за Алесандро Дел Пјеро, долгогодишниот капитен на клубот, кој дебитираше пред 19 години за клубот, во септември 1993-тата година. Својот последен натпревар популарниот Пинтуричио (Алекс Дел Пјеро) го одигра во финалето на Италијанскиот куп, но вистинското простување од саканиот клуб го направи една седмица порано во последното коло во Серија А за оваа сезона во натпреварот против екипата на Аталанта, кога почна како стартер и постигна погодок во 28-ата минута.
Состав Оваа се играчите кој настапувале за Јувентус во оваа сезона:
играчите во италик го напуштија тимот во текот на сезоната
Завршна табела PWDLFAGDPtsШампион1Јувентус38231506820+4884ЛШ2Милан3824867433+4280ЛШ Кв.3Удинезе Калчо381810105235+1764Европа Л.4Лацио38188125647+962Европа Л.5Наполи38161396646+2061Европа Л.6Интер38177145855+358 7Рома38168146054+656 8Парма381511125453+156 9Болоња381312134143−251 10Кјево381213133545-1049 11Катанија381115124752−548 12Аталанта381313124143-246* 13Фјорентина381113143743−646 14Сиена381111164545044 15Каљари381013153746−943 16Палермо381110175262−1043 17Џенова38119185069−1942Испаѓа18Лече38812184056−1636Испаѓа18Новара38711203565−3032Испаѓа18Чезена38410242460−3622
Аталанта почна со казна од -6 бодови
Натпревари
Куп на Италија Фаза-Најдобрите 16
Четвртфинале
Полуфинале
Финале
Список на стрелци Интересно е тоа што во сезоната 2011-2012 дури 19 фудбалери на Јувентус успеаа да постигнат погодок во Серија А. Еве ја комплетната список на стрелците:
ПозицјаЗемјаБројИмеСерија АКуп на ИталијаВкупноНапаѓач20px32Матри10010Среден ред20px8Маркизио9110Напаѓач20px14Вучиниќ9110Среден ред20px22Видал707Среден ред20px7Пепе606Напаѓач20px10Дел Пјеро224Напаѓач20px18Кваљарела404Одбрана20px4Касерес123Среден ред20px21Пирло303Среден ред20px24Џакерини123Напаѓач20px23Бориело202Одбрана20px26Лихтштајнер202Одбрана20px19Бонучи202Одбрана20px3Кјелини202Среден ред20px28Естигарибија101Среден ред20px27Красиќ101Одбрана20px11де Чеље101Среден ред20px20Падоин101Среден ред20px34Мароне101
Наводи
Категорија:Сезони на ФК Јувентус