Линус Гердеман (; р. ) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2016, настапувајќи за повеќе различни екипи. Освоил етапа на Тур де Франс 2007 и го предводел генералниот пласман два дена, носејќи ја жолтата маичка.

Откако не успеал да најде договор за 2013 година, Гердеман му се приклучил на за сезоната 2014. Во 2015 година возел за данско-луксембуршката професионална континентална екипа Калт Енерџи-Витал Вотер.

На почетокот на 2017 година, Гердеман го објавил своето повлекување од трките.

Кариера

мини|лево|Гердеман на HEW Класик 2005

По настапот во аматерските екипи Тим Винфикс и Тим АКУД Арнолдс Зихерхајт, во 2005 станал професионален возач за по препорака на Јенс Фогт, потпишувајќи двегодишен договор. Во неговата прва година како професионалец, победил на седмата етапа на трката Тур де Свис и ја носел водечката маичка на Четири дена Динкерк.

На крајот на 2005 се согласил на договор со екипата , почнувајќи од 2006. Ова се случило откако сопственикот на ЦСЦ Бјарн Рис го ослободил Гердеман од неговиот договор на крајот на 2005.

На 14 јули 2007 ја освоил својата најголема победа досега, седмата етапа на Тур де Франс. Етапата му ја донела жолтата маичка како предводник во генералниот пласман, како и белата маичка како предводник во пласманот за млад возач. Исто така ја добил и наградата за борбеност на таа етапа.

Во март 2008 се здобил со значајни повреди при пад на трката Тирено-Адријатико и не можел да се натпреварува на Тур де Франс 2008 и Летните олимписки игри 2008. Се вратил на Трката околу Германија во август 2008.

Гердеман исто така победил на Трката околу Луксембург во 2011 и во 2015 година.

Достигнувања

2003 6. Краен пласман Тур де Берлин 2004 Национални друмски првенства под 23 години 1. 20п Друмска трка 3. Хронометар 1. Етапа 4 Трка околу Берлин 4. Меморијал Хенрик Ласак 6. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години 7. Трка околу Кулата Хенингер под 23 години 2005 1. Етапа 7 Тур де Свис 2. Краен пласман Синтурон а Мајорка 3. Краен пласман Трка околу Баварија 5. Краен пласман Четири дена Денкерк 2006 6. Краен пласман Волта а Каталуња 7. Краен пласман Тур де Свис 7. ГП Кантон Аргау 8. Трофео Калвија 2007 1. Етапа 7 Тур де Франс 6. Гран Премио ди Лугано 9. Краен пласман Вуелта а Андалусија 9. Милано-Торино 2008 1. 20п Краен пласман Трка околу Германија 1. Етапа 1 1. 20п Краен пласман Тур де л’Ен 1. Етапа 3a 1. Копа Агостони 3. Монтепаски Страде Бјанке - Ероика 7. Краен пласман Трка околу Саксонија 9. Гран Премио ди Лугано 2009 1. 20п Краен пласман Трка околу Баварија 1. ГП Десау-Рослау 5. Монтепаски Страде Бјанке - Ероика 7. Краен пласман Тирено-Адријатико 2010 1. Трофео Инка 1. Етапа 1 Тирено-Адријатико 9. Краен пласман Вуелта а Андалусија 2011 1. 20п Краен пласман Трка околу Луксембург 1. Етапа 2 4. Краен пласман Трка околу Британија 10. Краен пласман Енеко Тур 2012 2. Национално друмско првенство 5. Краен пласман Трка околу Полска 8. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 2014 Трка околу Азербејџан 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 4 5. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго 2015 1. 20п Краен пласман Трка околу Луксембург 1. Етапа 2 4. Трка околу Келн 5. Гран Премио ди Лугано 8. Класика Корзика 2016 10. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски велосипедисти Категорија:Германски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Луѓе од Минстер Категорија:Етапни победници на Тур де Свис