Гран при Монтреал 2012 било третото издание на Гран при Монтреал, еднодневна професионална велосипедска друмска трка. Била одржана на 9 септември 2012, на растојание од 205,7 километри, започнувајќи и завршувајќи во Монтреал, Квебек, Канада. Била 26. трка во сезоната на Светската турнеја. Трката била една од единствените две трки кои се дел од календарот на Светската турнеја во Северна Америка, другата била Гран при Квебек, која се одржала два дена претходно.

Трката била освоена од Норвежанецот Ларс Петер Нордхауг (), кој се одвоил од водечката група и нападнал двапати во последите 5 километри. Ги отспринтал Морено Мозер () и Александар Колобнев (). Сајмон Геранс од , кој победил на Гран при Квебек 2012, го освоил четвртото место.

Тек

Трката се состоела од 17 кругови на патека од 12,1 километар во должина и ја следела истата рута како во изданието во 2011. Патеката, околу главниот кампус на Универзитетот во Монтреал, била добра поставена за специјалисти за искачувања и оние кои сакаат нагорнини. Завршницата била на нагорнина со мал наклон од 4%, која се наоѓала на Avenue du Parc. Имало остра кривина од 180 степени на десно на 500 метри пред целта. Вкупното вертикално искачување на трката било 3.893 метри. Главните потешкотии биле:

Километар 2: Кот Камилјен-Уд: 1,8 километри со просечен наклон од 8% Километар 6: Кот де ла Политехник: 780 метри со просечен наклон од 6% и делница од 200 метри со наклон од 11% Километар 11: Авену ди Парк: 560 метри со просечен наклон од 4%

Екипи

Бидејќи трката била дел од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI ProTeam екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Биле доделени и 3 специјални покани на професионалните континентални екипи: на две француски екипи ( и ) и една канадска ().

18 ProTeams кои настапиле биле:

Трите професионални континентални екипи кои настапиле биле:

Резултати

ВелосипедистЕкипаВремеСветска турнејаБодови 1 5ч 28' 29" 80 2 + 2"603 + 2"504 + 4"405 + 4"306 + 5"227 + 5"148 + 5"109 + 5"610 + 5"2

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Гран при Монтреал Категорија:Светска турнеја на UCI 2012 Категорија:2012 во Канада