Антоан Лоран де Жисје (; 12 април 1748 – 17 септември 1836) — француски ботаничар, познат како првиот што објавил биолошка класификација на цветните растенија, во голема мера непроменета до денес. Класификацијата претставува дополнување и разработка на необјавното дело на неговиот чичко, Бернар де Жисје.
Живот Жисје е роден во Лион. Студирал медицина во Париз, и дипломирал во 1770. Станал професор по ботаника во установата Градина на растенијата (Jardin des Plantes) од 1770 до 1826 г. Син му, Адриен Анри, исто така станал ботаничар.
Во трудот посветен на цветните растенија Genera plantarum („Растителни родови“, 1789), Жисје увоил методологија на класификација според простите особености на растенијата, идеја која ја добил од шкотско-францускиот ботаничар Мишел Адансон. Ова претставувало значаен напредок во однос на „вештачкиот“ систем на Карл Линеј, чие најпопуларно дело ги класификувало растенијата во класи и редови според бројот на прашници и толчници. Жисје сепак ја задржал Линеевата биномна номенклатура, поради што делото се стекнало со големо и долгосежно влијание - голем дел од растителните семејства и денес му се припишуваат на Жисје. Од семејствата зачувани во правилникот ICBN, 76 се на Жисје, наспроти само 11 на Линеј.Morton, Alan, History of botanical science, 1981
Во 1788 е избран за странски член на Кралската шведска академија на науките.
Жисје бил член на истакнатата масонска ложа „Девет сестри“ (Les Neuf Sœurs)
Дела
Наводи
Duane Isely, One hundred and one botanists (Iowa State University Press, 1994), стр. 118–120
Категорија:Родени во 1748 година Категорија:Починати во 1836 година Категорија:Луѓе од Лион Категорија:Француски ботаничари Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Француски слободни ѕидари Категорија:Починати во Париз Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките