Елевци — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Потекло и значење на името
мини|300п|лево|Поглед на селото
Името на селото првпат е забележано во век (1583 г.) кога било запишано како Горно Елешчи. Се сретнува и под имињата Долно и Горно Елевци. Селото било основано од доселеници од соседното село Евла, а научните толкувања сметаат дека името потекнува како родовска припадност (ојконим) на луѓе кои како доселеници од Евла (жители на Евла -> Елевци). Сепак, имајќи предвид дека соседно и многу блиско село е Евла, чие име потекнува од македонскиот назив за вид брезово цветно растение, можно е името да потекнува од македонскиот збор евла > евлевци > елевци. Поврзаноста со Евла ја гледаме и преку топонимот Елха (растение), кое според застапувањето на групата шц во говорот понатаму ќе го даде името Елехци > Елешци > Елевци.
Мештаните и нивните соседи од муслиманска вероисповед кои се сметаат за Турци селото го викаат Елесца, а православните Македонци го нарекувале Елевци. Во селата околу Дебар за да се разликува од истоименото село (Татар или Град) Елевци, ова село во Жупа се нарекува(ло) и Коџаџик-Елевци, а додека постоело и селото Долно Елевци крај Евла, ова село било познато и како Горно Елевци, како што е и запишано во Бигорскиот манастирски поменик од 1863 година. Иако жителите немаат никакво предание и толкување, се смета дека името настанало од муслиманското турско име Елез во содејство со македонскиот говорен облик за неговиот род Елезци > Елесци > Елевци.
Истоимено село со име Елевци постои веднаш над градот Дебар, а во Македонија има уште две други места со слични имиња.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Струга. Селото е планинско, чии куќи се издигаат на југоисточната падина на планината Стогово, на надморска височина од 1.000 до 1.200 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 25 километри.
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2249.
Сместено е на една зарамнета тераса високо на западната падина на Стогово, од десната страна над Долгашка (Елевска) Река. До него води пат кој е продолжение на асфалтираните делници од патиштата од Центар Жупа преку Коџаџик до Новак на север-северозапад и од Долгаш и ХЕЦ Глобочица на запад и југ.
Атарот се допира со територијата на Општина Струга (порано Луково) и воедно граничи со Буринец и Селци во пределот Малесија. Земјишното подрачје на Елевци се шири помеѓу атарите на Новак на север, Селци и Буринец на југ, раселеното село Евла и некогашното Долно Елевци на запад и планинската падина на Стогово на исток по чиј срт со врвовите и доловите Куруло, Бела Вода, Канеш (2.216 м.), Бабин Срт (2.241 м.), Лениште (од 1.896 до 2.016 м.), Дузлер (1.664 м.), Глобок Дол оди селската меѓа.
Земјиштето на атарот е планинско и варовничко со растресита почва - темна црвеница, главно под шума, а околу речните текови има и обоени шкрилци.
Историја
Подрачјето на Елевци е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.
Според преданието на Македонците во поширокиот предел, основачи на селото биле „рисјани“ или „каури“, односно православни Македонци кои до 1948 година, сосем ги напуштиле своите родни огништа поради неслагање со месното турско население.
Најстарите жители на Елевци кажувале дека селото во денешниот облик и местоположба околу средината на век го основале нивните сонародници од родот Елезлер, кои подоцна се иселиле во соседното село Долгаш, а по кои веројатно е добиено и името на селото.
Постари пишани податоци за ова село речиси воопшто и да не постојат. Во средновековните записи од турските пописни дефтери за вилаетот Долго Брдо од 1467 година се среќава селото Елшево (Долнодебарско) со 5 христијански македонски семејства, но според местоположбата многу поверојатно е ова да се однесува за другото истоимено село (Татар или Град) Елевци што се наоѓа веднаш крај градот Дебар. Во истите пописни документи за вилаетот Горни Дебар пак се сретнува село запишано како Ивлахлар, кое било тимар на некој Фахредин кој бил диздар (заповедник, командант) во крепоста (тврдината) Коџаџик, а во кое живеело 1 христијанско македонско семејство на Металец Видич кое произведувало по 1 товар пчемница, јачмен и овес за што се остварувало приход од 69 акчиња.
Истражувачите и историчарите не ја утврдиле точната местоположба (убикација) на ова запишано село, но поради сигурноста дека било во околината на Коџаџик претпоставуваат дека може станува збор за Елевци кое се наоѓа јужно од Коџаџик. Според записот на името Ивлахлар или Влахлар може да се претпостави и дека тоа се однесува на блиските села Евла или Власиќи во Жупа.
Според кажувањата на самите жители, скоро сите родови се со потекло и доселени од областа Коња во Турција (Мала Азија), а до почетокот на XIX век живееле во Коџаџик. Изразено е мислењето и дека сегашните жители на Елевци до средината на век биле православни Македонци и дека тогаш ја примиле мухамеданската вера и потоа се потурчиле, а под влијание на Коџаџик (кој бил позната и силна тврдина) го напуштиле својот мајчин јазик и го усвоиле турскиот.Jovan Hadži Vasiljević. Muslimani naše krvi u Južnoj Srbiji. Beograd 1924. g. Сепак за вакво нешто не знаеле ниту најстарите Македонци, кои живееле во Елевци до средината на XX век, а доколку ваквото мислење било точно, тоа единствено би можело да се однесува на селските родови Перванларе и Бошнакларе, чии родовски презимиња упатуваат на македонска и словенска поврзаност или припадност.
До 1948 година во горниот дел на селото постоела црквата „Света Богородица“ со православни гробишта, чии траги сè уште не биле изгубени во педесеттите години на XX век, а некогаш околу неа местото кое сега се нарекува „Рекој куќи“ живееле Македонци. Кога на почетокот на XIX век, се доселиле првите Турци („турштијата кога втаса“) и почнале да основаат куќи на денешната местоположба селото се нарекло Елевци. Оттогаш, македонскиот крај „Рекој куќи“ почнал постепено да се напушта и да се преместува во горниот крај на Елевци во маалата Фетилер и Перван. Додека живееле православни Македонци, селската слава на Елевци била на Богојавление (Водици).
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 11,4 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 677 хектари, на шумите отпаѓаат 274,2 хектари, а на обработливото земјиште само 61,7 хектари.
Селото, во основа, има сточарска функција.
Главно занимање на жителите на селото било и е сточарството, а потоа и ѕидарството надвор од селото. Од сточарството најмногу се одгледуваат овци кои лете се напасуваат во бачила во пределот на Голема и Мала Мегданица високо на планината Стогово, додека во селото се одгледува и покрупен добиток како крави и волови. Освен овие стопански гранки, затапено е и градинарството, како и земјоделството на зарамнетите предели непосредно околу селото каде се одгледуваат планински жита и градинарски култури за сопствени потреби.
Население
Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 38 домаќинства со 47 жители христијани (Македонци) и 65 муслимани (Турци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Елевци живееле 615 жители, од кои 65 жители Македонци христијани и 550 Турци муслимани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261. На етнографската карта на Битолски вилает од 1901 година, изработена од Софиски картографски институт, Елевци – дел од Дебарски Санџак – е прикажан како село со 129 домаќинства и мешано население составено од Македонци, Македонци муслимани, Албанци и Турци.Етнографска карта на Битолскиот вилает (каталози на населби, забелешки и карта во четири дела). Скопје, Каламус, 2017. ISBN 978-608-4646-23-5. с. 44. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Елевци имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 550 Турци.
Селото е мало, но со пораст на бројот на населението. Елевци во 1961 година броело 144 жители, а во 1994 година 190 жители, турско население.
Според пописот од 2002 година, селото Елевци броело 260 жители, сите Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 271 жител, од кои 262 Турци и 9 лица без податоци.
Родови
Во селото Елевци денес живее муслиманско население кое зборува на турски јазик и се изјаснува со турска националност. Во селото нема прави старински родови и сите се доселеници со потекло од областа Коња во малоазискиот дел на Турција, при што во околните места се наведува дека тие се со јуручко-турско потекло од пределот Караман.Според кажување на мештани. Забележал Марио Шаревски на 16.04.2016 Во студија спроведена врз имигранти од селата Елевци и Коџаџик во округот Саруханл во покраината Маниса, Турција било утврдено дека селата Елевци и Коџаџик биле торбешки села.Manisa'da Yaşayan Torbeşler'in Düğün Adet ve Gelenekleri, (Basılmamış Yüksek Lisans Tezi, Ankara: Hacettepe Üniversitesi Edebiyat Fakültesi Türk Dili ve Edebiyatı Bölümü Türk Halkbilimi Anabilim Dalı, 1990)
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се: Турски родови: Фетилер, Перванлар, Бектешлер припаѓале на бектешки ред, Ќенанлар, а со неутврдено потекло на доселување е родот Бошнаклар. Македонски православни родови: Куневци и Мартиновци биле старинци кои живееле на местото Рекој Куќи и славеле Голема Богородица, Петровци (слават Голема Богородица) се доселиле на крајот на XIX век од Коџаџик и имале своја родовска гранка во Солунско, Ивановци (слават Митровден) избегале од Коџаџик во 1878 година. Мештани на соседното село Новак, знаат и кажуваат дека во Скопје има Македонци со потекло од Елевци.
Иселеништво
Од турските семејства до 1954 година има бројни иселеници во Турција (74 семејства) и тоа највеќе во местото Паламуд крај Аксер (66 семејства), а другите во Адапазар, Дургутли и Маниса, а имало иселеници во соседното, денес сосема раселено село Евла.
Православните македонски семејства до 1948 година целосно се иселиле во: Дебар, Скопје во градот и населбата Ѓорче Петров (Мирчевци од родот Петровци, Аџиевци), Кавадарци, Солунско и во градовите Софија, Видин и Ќустендил во Бугарија.
Општествени установи
Основно училиште „Неџати Зекерија“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Неџати Зекерија“ - Коџаџик
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Елевци било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.