Оџовци — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 метри.
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.
Историја
Оџовци некогаш било маало на селото Баланци, но во 1965 година добило статус на посебно село.
Стопанство
Атарот на селото е заеднички со соседните Бајрамовци и Црно Боци и зафаќа простор од 1,7 км2.
Население
Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Селото е мало и во 1971 година броело 132 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 241 жител, од кои 231 Турци и 10 Македонци.
Според пописот од 2002 година, селото Оџовци броело 220 жители, од кои 203 Турци и 17 Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 94 жители, од кои 2 Македонци, 10 Албанци, 64 Турчин и 18 лица без податоци.
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Оџовци било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0557 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Власиќи.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 217 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 224 гласачи.
Галерија
Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа