Црно Боци (понекогаш како Црнобоци) — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Селото е населено со Македонци муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 850 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.
Историја
Црно Боци некогаш било маало на селото Баланци, но во 1965 година добило статус на посебно село.
Стопанство
Атарот на селото е заеднички со соседните Бајрамовци и Оџовци и зафаќа простор од 1,7 км2.
Население
Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 15 домаќинства со 34 жители муслимани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Евла живееле 434 жители, од кои 84 жители Македонци христијани и 350 Македонци муслимани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
Селото е мало, населено со турско население. Тоа, во 1961 година броело 59, а во 1994 година 49 жители.
Според пописот од 2002 година, селото Црно Боци броело 40 жители, сите Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, сите Турци.
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Црно Боци било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0564 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бајрамовци.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 315 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 326 гласачи.
Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа