The Big Bang Theory или во Македонија емитувана како „Бубалици“ — американска телевизиска серија создадена од страна на Чак Лори и Бил Пради, која дебитирала на 24 септември 2007 година, на CBS. Во серијата се раскажува за секојдневниот живот на двајца физичари од Калтек, кои живеат спроти русокоса келнерка која има аспирации за шоу-бизнисот.

На 12 јануари 2011 година, CBS објавил дека серијата е обновена уште три години и ќе продолжи во текот на сезоната 2013-2014. Во февруари 2014 година, извршниот директор на CBS потврдил дека серијата е надградена за осмата сезона. Во март 2014 година бил обновен за три сезони до сезоната 2016-2017. Во март 2017 година бил обновен за уште две сезони до сезоната 2018-19.

Десеттата сезона започнала на 19 септември 2016 година.

Тема

Леонард и Шелдон се цимери и брилијантни физичари. Тие се беспрекорни умови кои знаат како функционира вселената. Но, ова знаење не им помага во комуникацијата со останатиот свет, а особено кога треба да се разговара со жените. Ситуацијата се менува кога во станот отспротива се вселува симпатичната и комуникативна Пени. За Леонард, од тој момент се отвора еден сосема нов, нему непознат свет, во кој може да се најде место и за љубов.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски телевизиски серии