Ар (герм. Aar) — река во западна Германија, лева притока на Лана. Долга е 60 км и извира од венецот Таунус кај Таунусштајн. Тече во северен правец и минува низ местата Таунусштајн, Бад Швалбах, Арберген и Ханштетен, а потоа се влева во Лана кај Диц.
Име Името на реката е изведено од говорите на предгерманските народи на тоа подрачје, и значи „брзотечна вода“, како преносно значење за „рекичка во клисура“.
Наводи
Категорија:Реки во Хесен Категорија:Рајнски слив Категорија:Реки во Рајнската област-Пфалц