Зеки паша (1862 - 1943) бил османлиски војсководец, командант во Западната армија (Вардарската, Втората и Четвртата армија) за време на Балканските војни (1912 - 1913) и фелдмаршал од Првата светска војна (1914 - 1918).
Во 1894 година, како командир на 4. армиски корпус е награден за учеството во Сасунскиот масакр.Robert Melson, "Revolution and Genocide" (1992), с.60W. Blackwood, "Blackwood's Edinburgh Magazine" (1897), с.21George Shaw/Lefevre Eversley, "The Turkish Empire from 1288 to 1914" (1914), с. 341 За време на колежот тој изјавил „веќе нема ниту еден бунтовник, ја исчистивме земјата, во иднина нема да се појави ниту еден“.Arman Dzhonovich, "The Armenian Massacres, 1894-1896" (2004), с. 63-64
За време на Балканските војни (1912 - 1913), Зеки паша командува со Западната армија. Исполнувајќи ги заповедите на главниот командант Назим паша, тоја ја започнал Кумановската битка, која ја загубил. За време на фанатичното повлекување незадоволен османлиски војник безуспешно се обидува да го убие Зеки паша.Richard C. Hall, "The Balkan Wars, 1912-1913: Prelude to the First World War" (2000), pp. 47-49 Во Битолската битка војската на Зеки дава силен отпор, но и покрај добрите одбранбени позиции не успева да победи.Hall, p. 52
На 21 ноември 1914 година, Зеки паша бил назначен за Отомански офицер за врски кај Кајзерот Вилхем II на Германското Царство.
Се пензионира 1923 година.
Наводи
Категорија:Паши Категорија:Отоманци од 19 век Категорија:Отоманци од 20 век Категорија:Луѓе од Алеп Категорија:Отоманци од Балканските војни Категорија:Отоманци од Првата светска војна Категорија:Отоманци од Османлиско-италијанската војна Категорија:Питомци на Отоманската воена академија Категорија:Питомци на Отоманскиот воен колеџ Категорија:Родени во 1862 година Категорија:Починати во 1943 година