Регионите во Данска (дан. regioner) се создадени како дел од административното преуредување на земјата во 2007 година.Стапило на сила на 1 јануари 2007 како замена за дотогашните окрузи (amter). Воедно, бројот на општини (kommuner) бил намален од 270 на 98.

Задачи на регионите

Према Законот за регионите нивните задачи се:

Здравствениот систем Регионалниот развој (природа, екологија, економика, туризам, вработеност, образование, култура и развивање на помалку развиените и на земјоделски делови во регионите, како и административни услуги за регионален раст) Загадување на почвите Картографирање на суровините и планирање за нивната експлоатација Специјализирани социјални институции за социјално и психички слаби жители Создавање друштва за јавен транспорт (автобуси, возови и слично)

Данските региони не се финансираат од директни даноци, туку од државни субвенции (фискални трансфери).

Список на региони

Лого Назив Изворно Админ. центар Најголем град НаселениеПодаток од 1 јануари 2012 г. Површина(км²) Густина(жит./км²) Составни окрузи до 2007 40п ЗеландПоавтентично наречен „Шеланд“. Region Sjælland Соре Роскилде 817.907 7.217,8 113,32 Роскилде, Стурстрем и Западен Зеланд 40п Јужна Данска Region Syddanmark Вајле Оденсе 1.201.342 12.191 98,02 Фунен, Рибе, Јужен Јитланд и јужната половина од Вајле 40п ПрестолнинскиНаречен и „Голем Копенхаген“. Region Hovedstaden Хилеред Копенхаген 1.714.486 2.546,3 673,32 Копенхаген и Фредериксборг 40п Северна Данска Region Nordjylland Олборг Олборг 579.996 7.874,0 73,66 Северен Јитланд, северниот дел од Виборг и мал дел од Орхус 40п Среден Јитланд Region Midtjylland Виборг Орхус 1.266.682 13.000,2 97,44 Рингкјебинг, речиси сет Орхус, јужниот дел од Виборг и севериот дел од Вајле 20п Данска Danmark Копенхаген Копенхаген 5.580.413 42.894,8 130,10

Белешки

Поврзано Општини во Данска Фарски Острови Гренланд ISO 3166-2:DK

Наводи

Надворешни врски Образложение за административното преуредување на Данска Буџет на регионите во Данска

Категорија:Административна поделба на Данска Категорија:Првостепени административни единици на земјите