Малчиште — село во Општина Студеничани, Скопско.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Торбешија, на надморска височина од 480 м. Низ него минува Маркова Река. Атарот е ридски и зафаќа површина од .

Историја Подрачјето на Малчиште е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од градиштето Марково Кале на 800 м североисточно од селото.

Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 1 христијанскo и 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 1 маж христијанин, со едно новороденче и 23 мажи муслимани со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 58 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 236 жители.

Во XIX век Малчиште било село во Скопската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 г. Малчишта имало 90 жители, сите Арнаути муслимани.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Малчиште (Malčište) како албанско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Малчиште како албанско село.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.

Сите подоцнежни пописи го заведуваат населението како турско, со што се поставува прашањето дали всушност не се работи за Македонци муслимани (Торбеши) кои се изјаснувале различно во различни пописи.

Стопанство Малчиште има мешани ресурси. Атарот му се состои од 153 ха шуми, 61 ха обработливо земјиште и 42 ха пасишта. Жителите на Малчиште имаат краварска фарма кај Марковиот манастир во с. Маркова Сушица.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Албанци.

Малчиште доживеало битен раст по Втората светска војна и продолжило да расте до 1950-тите. Оттогаш почнало да опаѓа, за во 1961 г. да се намали повеќе од трикратно, веројатно поради иселувања во Турција. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1994 г. се заведени само 7 лица, иако во претходните и последователните пописи населението одржувало нормална бројност.Малчиште — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 60 жители, од кои највеќето се Турци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 12 Албанци и 26 лица без податоци.

Општествени установи Малчишка џамија Основно училиште

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Марково Кале — градиште од римско и доцноантичко време

Поврзано Торбешија

Наводи

Надворешни врски

Сателитска снимка на Малчиште на Карти на Гугл