„Head Crusher“ е песна на Мегадет од нивниот дванаесетти студиски албум Endgame. Оваа песна воедно била и првиот издаден сингл од овој албум. Датумот на издавање бил 7 јули 2009 год, а нумерата можела да се симне од официјалното мрежно место на Роудранер Рекордс. За првпат во живо била изведена на 24 јуни истата година, за време на турнејата на Мегадет низ Канада. Оваа композиција била првата песна на Мегадет што била номинирана за Греми награда по песната „Trust“ во 1998 г.

Заднина Песната го добила името според истоимената направа за мачење. Кршачот на глави бил користен во Средниот век, особено од страна на Инквизицијата. Вилицата била поставена на најниското скалило (подлогата), додека металната капа била наменета за главата. Вртејќи ја горната рачка, капата се стеснувала и вршела огромен притисок врз черепот и коските на главата постепено се дробеле. Најпрво почнувале да се кршат забите, што предизвикувало неиздржлива агонија кај жртвата, а веднаш потоа и очите полека излегувале од очните јами.

Овој инструмент бил еден од наједноставните начини да се изнуди признание од жртвите, бидејќи мачењето можело да трае со часови. Со повлекување на контролната рачка во двете насоки, болката можела да се намали или да се интензивира, по желба на џелатот. Ако мачењето би прекинало по подолго дејство, жртвата сепак доживотно би носела трајни оштетувања на черепот, забите или вилицата. Постојат повеќе варијанти на оваа справа, некои со мало дополнување во пределот на очите, каде биле вградени мали садови што би ги собрале испаднатите очи.Нешто повеќе за Кршачот на глави

Интерпретација на текстот Head Crusher, или во превод кршач на глави била средновековна направа за мачење и тортура на затворениците. Во текстот се опишува патот на грешните луѓе во подземјето, како би биле подложени на болното дејство на оваа направа. Под притисок на неподносливата болка ќе проговорат за сторените гревови и потоа соодветно ќе бидат казнети. Исто така се дава опис на телесните последици кои би ги доживеало лицето што ќе ја испроба силата на овој изум.

Видео запис мини|десно|Изглед на направата за дробење глави Две различни верзии на видео записот беа објавени во септември 2009: екстремна и цензурирана. И двете беа во режија на Патрик Кендал. За да го филмува записот, режисерот Кендал комбинирал некои елементи од култните филмови „Дождовен човек“ и „Гладијатор“, како би создал сценарио што ќе одговара на големата енергија присутна во песната. Содржината била едноставна, но делотворна: Мастејн го играл водителот (како Ричард Доусон во „Дождовен човек“), во едно ТВ шоу каде најголемите криминалци биле приведени и претставени на жедната за крв публика. Потоа биле испратени во рингот каде се соочувале со борачи обучени со боречки вештини, кои ги претепувале до смрт. Истовремено бендот свирел на подигната платформа.

Во спотот се појавува и бразилскиот џиуџицу борач Жорж Оливеира, како и други помалку познати професионалци од овој спорт. Сите овие дечки се вистински борци или пак луѓе кои тренирале напорно на усовршување на боречките вештини, вели Кендал. Задолжените за кастинг биле одлучни дека сите кои евентуално би глумеле во филмуваната верзија треба да си ја знаат работата, за спотот да изгледа што е можно повистинито.

Едно од попознатите холивудски имиња кои учествувале во видеото бил Чед Бенон, кој претходно играл поважни улоги во филмовите „Планета на мајмуните“ и во хоророт „Куќа со 1000 трупови“. Бенон исто така глуми еден од боксерите, на кој му била доделена задачата да ја претепа девојката која ја толкува глумицата Мишел Вотерсон. Но, наместо тоа, девојката на крајот успеала да го совлада Бенон. За улогите на Бенон и Вотерсон во спотот, режисерот Кендал прокоментирал: мини|десно|Мегадет во Саун Пауло на промотивен концерт за албумот Endgame (2010) Бендот заедно со глумечката екипа снимале на 28 јули во студиото во северен Лос Анџелес. Процесот минал во пријатна атмосфера придружена со благ хумор, но на моменти станувало напнато, посебно за време на борбените кадри. Интересно е тоа што членовите на Мегадет биле врзани за платформата за да не би случајно некој паднал од височина од преку десетина метри. За искуството со Мастејн, режисерот кажал:

Освен што бил тимски играч, Мастејн бил и еден од најкреативните членови во екипата. Често давал свои предлози до Кендал, меѓу кои и идејата некои боречки сцени да се снимаат од друг агол. Поради неговите вештини во теквондо, Мастејн му помогнал на режисерот при техничките проблеми со дел од кадрите.

Музички персонал Мегадет Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара Крис Бродерик - водечка гитара Џејмс Ломензо - бас гитара Шон Дровер - тапани Воведно соло на Дејв Мастејн Завршно соло на Крис Бродерик

Авторски тим Текст - Дејв Мастејн Музика - Дејв Мастејн и Шон Дровер

Технички персонал Продукција - Енди Снип и Дејв Мастејн Аудио инженер, аудио микс на Енди Снип

Наводи

Надворешни врски Текстот на песната Спотот за Head Crusher на YouTube

Поврзано Мегадет Endgame

Категорија:Песни на Megadeth