Закон за привлечност () — назив што се поврзува со верувањето дека „сличното привлекува слично“ и дека со фокусирање на позитивни или негативни мисли, една личност може да предизвика позитивни или негативни резултати.Whittaker, S. Secret attraction , The Montreal Gazette, May 12, 2007.Redden, Guy, Magic Happens: A New Age Metaphysical Mystery Tour, Journal of Australian Studies: 101 На пример, ако едно лице отвори коверт очекувајќи да види неплатена сметка, тогаш во согласност со Законот за привлечност, ковертот „ќе ги потврди“ тие мисли и така кога ќе го отвори, внатре ќе има неплатена сметка. Личноста што наместо тоа одлучила да очекува чек, може според истиот закон, да најде чек наместо сметкa.

Историја Томас Тровард, кој имал силно влијание во движењето на Новата мисла, тврди дека мислата и претходи на физичката форма и дека „дејството на умот го поставува јадрото кое, ако му се дозволи да се развива непречено, на крајот ќе ги привлече сите потребни услови за неговото манифестирање во надворешно видлива форма“.Judge Thomas Troward, “The Edinburgh Lectures on Mental Science,” 1904.

Во 1906 година, Вилијам Вокер Еткинсон (1862-1932г.) го употребил изразот во неговата книга за движењето на „Новата мисла“ со наслов Вибрација на мислата или Законот за привлечност во светот на мислите, велејќи „сличното привлекува слично".William Walker Atkinson. Thought Vibration or the Law of Attraction. Advanced Thought Publishing. 1906. Out of Copyright version Следната година, Елизабет Таун, уредник на весникот на „Новата мисла“ The Nautilus Magazine, ја објавила книгата на Брус Меклеланд за теологија на просперитетот со наслов Просперитет преку силата на мислата, во која тој го сумира принципот, велејќи: „Ти си тоа што мислиш, не тоа што ти мислиш дека си".MacLelland, Bruce, Prosperity Through Thought Force, Elizabeth Towne, 1907

Книгата „Науката за збогатувањето" на Валас Д. Ватлс поддржува слични принципи – дека вистинското верување во предметот на својата желба и фокусирањето на него ќе доведе до тоа да тој предмет или цел се реализира на материјалното ниво (Ватлс укажува во предговорот и во понатамошните поглавја дека неговата премиса произлегува од монистичкото хинду гледиште дека Бог исполнува сè и може да ни го донесе она на што се фокусираме). Покрај тоа, книгата исто така покажува дека негативното размислување ќе манифестира негативни резултати.

Ричард Вајс објаснува во неговата книга „Американскиот мит за успех“ дека во текот на движењето на „Новата мисла“, „принципот на ненасилство" бил популарен концепт во комбинација со Законот за привлечност.

Изразот „Закон за привлечност" се појавува во делата на теозофските автори Вилијам Кван Џаџ во 1915 година, и Ени Бесант во 1919 година. Бесант ја споредил нејзината верзија на „Законот за привлечност" со гравитација, и рекол дека законот претставува една форма на карма.

Израел Регарди објавил многу книги на тема Законот на привлечност како еден од доминантните универзални закони. На неговата книга „Уметноста на вистинското исцелување“ напишана во 1937 година целосниот наслов е „Уметноста на вистинското исцелување, расправа за механизмот на молитвата и работењето на Законот за привлечност во природата". Книгата нè учи на една техника на фокусирана медитација која му помага на умот да научи да се лекува на физичко и на духовно ниво. Регарди продолжува со објаснувањето дека Законот за привлечност не е само валиден метод за привлекување добра физичка здравствена состојба, но е применлив во потрагата по било кој аспект од животот кој би сакале да го видите променет.

Наполеон Хил има издадено две книги на оваа тема.Првата е Законот за успех во 16 лекции (1928 година) што директно и постојано упатува на Законот за привлечност и ја искажува можноста дека тој работи со употреба на радиобранови пренесени од мозокот. Потоа во 1937 година, ја издава Мисли и збогати се која стана една од најпродаваните книги на сите времиња, со продажба на повеќе од 60 милиони примероци.. Во оваа книга, Хил дискутира за тоа колку е важно да се контролираат соствените мисли за да се постигне успех, како и енергијата што мислите ја имаат и нивната способност да привлечат други мисли. На почетокот на книгата, Хил спомнува некоја „тајна“ на успехот, и ветува дека индискретно ќе ја опишува барем по еднаш во секое поглавје на книгата. Таа никогаш не е спомната директно затоа што тој вели дека е многу покорисно секој сам да ја открие. Многу луѓе се расправаат околу тоа што всушност е тајната, со тоа што некои тврдат дека тоа е Законот за привлечност. Хил вели дека „тајната" на која упатува се споменува не помалку од сто пати, но „привлекување" се користи помалку од 30 пати во текстот. Повеќето студенти за книгата тврдат дека тајната е скриена во насловот: РАЗМИСЛИ (т.е. мисли). По ова, книгата Три магични зборови (1954 година), од американскиот автор У.С. Андерсон станал предвесник за претставување на фазите на информациите за потсвесниот ум и Законот на привлечност.Book Review: Three Magic Words By U. S. Andersen By Rev. Melissa Leath.

Тајната (2006 година) е филм врз основа на Законот за привлечност. Потоа тој прераснал во книга со истиот наслов во 2007 година. Филмот и книгата се здобиле со широко распростането внимание од медиумите како и од Saturday Night Live до The Oprah Winfrey Show во САД.

Успехот на филмот и разни книги довеле до зголемена застапеност во медиумите. Опра Винфри посветила две епизоди од нејзиното шоу на разговори за филмот и Законот за привлечност. . Ток-шоу водителот Лери Кинг исто така, во својата емисија водел дискусија за филмот со Боб Солис но го критикувал поради неколку причини. Тој укажал на страдањата во светот и прашал: „Ако универзумот манифестира изобилство едноставно преку мислата, зошто постои толку многу сиромаштија, глад и смрт?"

Во август 2008 година, книгата на Естер и Џери Хикс Парите и Законот за привлечност: учење како да се привлече здравје, богатство и среќа се појавила на списокот на бестеселери на New York Times.

Прифаќање на идејата

Списанието Skeptical Inquirer го критикувало недостатокот на способноста да се одлучи дали теоријата за Законот за привлечност е лажна или може да биде поддржана со податоци од реални искуства. Критичарите тврдат дека изложените докази се обично анегдотскии дека, поради самоизбирачката природа на позитивните искази, како и субјективната субјективната природа на какви било резултати, овие искази се под влијание на пристрасноста при вршењето селекција и тенденцијата на луѓето да ги фаворизираат информациите кои ги потврдуваат нивните верувања. Физичарот Али Алуси, ,на пример, ги критикува како нешта кои се немерливи и се сомнева во веројатноста дека мислите можат да влијаат на нешто што се наоѓа надвор од главата.

Во последниве години Законот за привлечност е популаризиран преку книги и филмови како што е Тајната. Овој филм, а потоа и книгата користат интервјуа со автори и говорници на „Новата мисла“ за објаснување на принципите на еден наводно метафизички закон според кој едно лице може да привлече било што на кое што мисли постојано. За Комитетот за скептични истражувања (Committee for Skeptical Inquiry), Мери Кармајкл и Бен Редфорд напишале дека „ниту филмот, ниту книгата немаат никаква основа во научната реалност", и дека нивната премиса содржи „друга грда страна: ако ви се случи некоја несреќа или болест, тоа е ваша вина". Тие прашале: „Ако авион се урне, дали тоа значи дека еден или повеќе од патниците сами си го предизвикале тоа? Дали војниците убиени во Ирак едноставно не размислуваат доволно позитивно?"

Други се сомневаат во поврзаноста со модерната научна теорија, и го задржале ставот, на пример, дека Законот за привлечност погрешно ја претставува електричната активност на мозочните бранови.Scientific American; Jun2007, Vol. 296 Issue 6, p39-39: and the same article online Scientific American Magazine, June 2007; article entitled "The (Other) Secret" page 1 http://www.sciam.com/article.cfm?id=the-other-secret Виктор Стегнер и Леон Ледермен ги критикуваат обидите да се користи квантниот мистицизам за премостување на било кои необјаснети или навидум неуверливи ефекти, верувајќи дека овие се особини на модерната псевдонаука.Cosmic Mind pages 8 through 19 http://www.colorado.edu/philosophy/vstenger/Quantum/01CosmicMind.pdf The God Particle: If the Universe is the Answer, What is the Question - pages 189 to 198 by Leon Lederman with Dick Teresi (copyright 1993) Houghton Mifflin CompanyNon-science posing as science; Stanford Encyclopedia of Philosophy http://plato.stanford.edu/entries/pseudo-science/#NonSciPosSci За New York Times, Вирџинија Хефернан ја карактеризира Тајната како „серија на погрешни цитати ... и измамнички максими" која и покрај тоа „ја носи [неа] на среќно место".

Позитивни и негативни вибрации Многумина кои се запознаени со функционирањето на Законот за привлечност, очекуваат дека, по практична употреба, никогаш нема да им се случи ништо негативно, дека ќе живеат без никакви проблеми. Заблуда е дека со примена на Законот за привлечност, никој повеќе нема да има ништо негативно во своето искуство. Едноставната причина за ова е дека овие негативни ефекти се многу добри и имаат своја цел. Ние ги третираме како негативност, но вистина е дека тие се од суштинско значење за развој и напредок. Тие се во суштина само разновидност со цел. Сè што постои има своја цел, па дури и негативност.

Постои широк спектар од позитивни до негативни искуства. Разликата е во степенот или квантитетот. Оваа разновидност и овој степен овозможуваат различни нивоа на напредок и развој, различно темпо на експанзија. Секоја негативност предизвикува непријатно чувство кај нас, но исто така е и показател за нашата склоност. Секој недостаток е тековен проблем, но охрабрува да се најде решение за тој проблем. Едноставно, сè има своја цел. Секое искуство има своја цел, исто како што и сè што постои има своја цел. Целата цел е развој, напредок, еволуција, експанзија и живот. Замислете дека сè е совршено, дека сè е идеално и дека имате сè што постои како свое, замислете дека сите се совршени и дека сите се исти. Тоа би значело дека животот ќе престане, дека нема да можат да напредуваат, дека нема да има експанзија или живот. Тоа би било самоуништување. Но, за среќа, тоа не е случај. Нашите негативности ни служат, ни даваат експанзија, ни даваат избор, ни даваат развој. И, ако разберете дека тие се важни и неопходни, и дека тие се начинот на развој на Создателот, и да нè водат кон акција и креативност и да нè туркаат напред, тогаш ви е јасно дека само ние, несвесни за неопходноста на таквата разновидност во нашите животи, па со недоразбирање. Негативностите никогаш нема да престанат да се случуваат, но третманот и изборот на тие искуства ќе помогнат во нашето создавање и живот. Така, можете да изберете убави работи, убави искуства и да размислувате позитивно дури и за негативни работи, и кога ќе го разберете тоа и кога ќе го погледнете од друга позиција, ништо нема да биде исто, нема да ги доживеете на толку тежок начин, но ќе ги гледате како потреба и добро, како можност за избор.

Примена на Законот за привлечност Секоја секунда се движиме од еден паралелен универзум во друг и состојбата на нашиот ум ќе одреди како ќе изгледа универзумот во кој ќе се најдеме за пет, десет, педесет дена. Секако, за да ја совладаме оваа творечка, божествена моќ и да можеме да создадеме точно на начинот на кој сакаме, без оглед колку е тоа одлично или лудо, потребно е време и напор. Ние мора да се потрудиме да стануваме сè повеќе свесни секој ден. Умот е најсуптилното нешто што го користиме секој ден, многу е потешко да го совладаме од сè. Но, тоа не треба да ве исплаши, бидејќи е совршено изводливо, прашање на време е и решеност да успеете. Не ни е на нас да разбереме сè. Постои дел од нас кој е поголем од нас самите и кој најдобро знае како треба да се одвиваат работите, наше е да одлучиме ШТО сакаме, а КАКО ќе го добиеме, оставете го на „повисоката моќ“ — на Универзумот.