Струмскиот Залив () или Орфански Залив () — залив во Егејска Македонија, во северниот дел на Егејското Море (наречен Тракиско Море). Сместен е источно од полуостровот Халкидик и јужно од Серскиот Округ.

Наречен е по реката Струма што се влева во него. Другиот назив го носи по селото Орфан во Кавалскиот Округ.

Познајачни населени места крај Струмскиот Залив се Аспровалта, Лонкари, Бешик, Ставрос, Орфан, Враста, Олимпијада, Крушево.

Природна граница на заливот образуваа три планини: Кушница (Пангео) на североисток, Богданска Планина (Кедрилио) на север и Пијавица (Стратони) на југ.

Поврзано Херсовски Залив Кавалски Залив Светогорски Залив Касандриски Залив Солунски Залив

Надворешни врски

Туристички портал на Струмскиот Залив

Категорија:Заливи во Егејска Македонија Категорија:Заливи во Егејското Море Категорија:Тракиско Море