Дет-метал (англиски: death metal) — поджанр на метал-музиката, создаден во раните осумдесетти од треш-металот. Ова е еден од најагресивните жанрови на металот и најчесто се врти околу теми за смртта и темната страна од животот, иако ова не е секогаш случајот. Структурата на песната е раскажувачка, и не постои еден циклус на повторување, туку песната се развива како цела процесија на теми и мотиви. Дет-металот се одликува со ненадејни промени во темпото, насилни и брутални гитарски рифови, тапани кои се брзи и динамични, и низок вокал кој најчесто се пее во вид на чудовишно врискање, познат во музиката како death grunt.WikiHow - Како се изведува дет метел вокалотIGN - 10 најдобри дет метал вокали на сите времиња

Развој

Дет-металот почнал да се развива во првата половина на осумдесеттите од треш-метал музиката. Околу 1983, почнале да се создаваат првите дет метал бендови, кои ги поставиле темелите на кои подоцна се развил и проширил дет-металот како сопствен жанр. Овие темели биле поставени од Американските бендови Possessed со нивниот албум Seven Churches и Death со Scream Bloody Gore. Но, многу луѓе ги класифицираат овие бендови како посттреш бидејќи, иако одговарале на дет-метал особините, не создале ништо ново, туку еден вид на поагресивен треш-метал. Но, сепак овие бендови не можат да се отфрлат како неважни, бидејќи тие почнуваат нешто што постепено ќе се одвои од другите жанрови на металот.

Првите вистински дет-метал бендови се појавиле во 1989 и 1990. Овие бендови ги вклучуваат Terrorizer, Morbid Angel, и доцниот период на Napalm Death, кои споиле елементи од треш-металот и хардкор-панк музиката. Во 1991, Death го издаваат албумот Human, кој содржи чисти докази за модерен дет-метал и така раниот развој на дет-металот е завршен.Music Radar - Историја на дет металот

Поделба и поджанрови Во деведесеттите, дет-металот почнува да се развива во многу правци. Главна поделба на поджанрови на дет-металот е оваа: Мелодичен дет-метал е жанр кој ги спојува агресивноста на дет-металот со мелодиите на традиционалниот хеви метал. Во овој жанр може понекогаш да се најде и чисто пеење, како и акустични гитари. Овој жанр е главно присутен во Скандинавија, особено во Финска и Шведска, каде што се развива Гетебург стилот. Главни носители на мелодичниот дет-метал се Dark Tranquility, Children of Bodom, Amon Amarth, In Flames, Insomnium, At the Gates, Kalmah, Arch Enemy и други слични бендови. Брутален дет-метал е вториот поджанр на дет-металот. Овој жанр е екстремен, брутален и агресивен и се одликува со премногу брзи рифови и тапани и пеење ексклузивно во стилот на death grunt. Главни бендови од ова движење се Cannibal Corpse, Disgorge, Devourment и Wormed Технички дет-метал е жанр кој се одликува со брзи, комплицирани и темни рифови кои се придружувани од долги и темни врисоци кои тешко се разбираат.Обично во овој жанр се пее за митологија и темната страна,а во некои бендови како Најл (Америка, Калифорниа) се пее за темната страна на Египетската митологија.

Исто така, постојат и многу фузиски жанрови на дет-металот како:

Блекенд дет-метал, или дет-метал со одлики на блек-металот, најчесто во вокалот или структурата на гитарските рифови. Бендови од овој правец се Emperor и Zyklon. Детенрол ги комбинира вокалниот стил на дет-метал со инстриментацијата на хард-рок.

Исто така, дет-метал жанрот често се спојува со одредени под-жанрови од правецот на фолк металот, особено ведик и викиншки метал.

Изведувачи и албуми типични за дет-металот Arch Enemy «Doomsday Machine» Atheist «Elements» Bolt Thrower «Those Once Loyal» Carcass «Heartwork» Children Of Bodom «Follow The Reaper» Death «Human» Dismember «Indecent And Obscene» Entombed «Left Hand Path» In Flames «Soundtrack To Your Escape» Morbid Angel «Gateways To Annihilation» Napalm Death «Harmony Corruption» Opeth «Ghost Reveries» Paradise Lost «Paradise Lost» Therion «Symphony Masses/Ho Drakon Ho Megas»

Надворешни врски DeathMetal.com Metal-observer.com мкМетал Форуми

Наводи

* Категорија:Поджанрови на метал