Корапски езера — неформално име за ледничките езера на планината Кораб во Западна Македонија. Од нив, на територијата на Република Македонија има 8 постојани и 10-тина повремени, додека нешто помал број има на албанската страна.Василески, Д. (1995): “Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанокот на езерските басени”, Географски разгледи, кн.30, Скопје; Попознати од нив се:
Големокорапско Езеро (2500 м) Чукино Езеро (2370 м) Малокорапско Езеро (2350 м) Изгревно Езеро (2330 м) Кобилино Езеро (2320 м) Горно Радомирско Езеро (2160 м) Шилско Езеро (2070 м) Мало Грамско Езеро (1950 м) Големо Грамско Езеро (1880 м) Бачилско Езеро (1870 м) Бабино Езеро (1820 м) Долно Радомирско Езеро (1775 м) Средно Езеро (1680 м) Долно Езеро (1620 м) Извирско Езеро (1610 м) Црно Езеро (1490 м)
Најпознато е секако Големо Корапско Езеро, кое се наоѓа на 2500 м надморска височина веднаш под самиот врв Голем Кораб, поради фактот што претставува највисоко ледничко езеро, како и највисока водена површина во Македонија воопшто.
По површина убедливо најголемо е Грамското Езеро на албанската страна. На таа страна езерата се многу поголеми отколку на македонската, но тие езера лежат и на помала надморска височина во однос на оние на македонската страна.
Галерија
Наводи