Реката Стир (; ) е десна притока на реката Припјат, со должина од 494 километри. Нејзиното сливно подрачје е 13.100 км2.

Реката Стир извира близу Броди, во украинската Лавовска област, потоа тече низ Ровненската и Волинската област, а потоа низ белорускаа област Брест, каде конечно се влева во Припјат.

Во текот на 1915-16, реката Стир била дел од фронтот помеѓу армиите на Австроунгарија и Руската Империја.

Поголеми населени места на реката се Луцк, Стари Чорториск и Вараш.

200п|Реката Стир на картата на Ровненската област.

Категорија:Реки во Белорусија Категорија:Реки во Украина Категорија:Меѓународни реки во Европа