Нојштат на Ренштајг () — село и поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од градот Гросбрајтенбах.

Географија

Нојштат се наоѓа на височина од 805 метри на Ренштајг, со што припаѓа на едни од највисоките места во Тирингија. Југозападно се наоѓа долината на Шлојзе.

Општински единици

Кон Нојштат припаѓа Калерт, едно помало место, околу два километри јужно, сместено исто така на Ренштајг.

Во близина на Нојштат се наоѓа Драјхеренштајн.

Соседни места

Почнувајќи од север, па надесно, општината се граничела со: Илменау, Гросбрајтенбах, Алтенфелд, Шлојзегрунд, Фрауенвалд и Штицербах.

Надворешни врски

Категорија:Илм (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија