Метал е првиот мини-албум на хеви метал бендот Њустед. Во продажба беше пуштен на 8 јануари 2013 г. Снимен е во домашното студио на фронтменот Џејсон Њустед, а објавен под неговата сопствена издавачка куќа.

Инаку освен Џејсон, во бендот членуваат уште Хесус Мендес и Џеси Фарнворт. Овој музички состав бил формиран по заминувањето на Џејсон Њустед од Металика, каде бил член во периодот 1986-2001. Според првичната замисла на бендот, албумот требало да содржи 11 песни, но подоцна било решено да објават само 4, а останатите да ги постават на посебен диск.

Бил снимен видео запис за песната „Soldierhead“ на кој се појавуваат сите членови на бендот свирејќи во гаража. Што се однесува до комерцијалниот успех на албумот, тој продал 6,200 примероци во првата седмица од издавањето, доволно да се пласира на 62. место на Билборд 200 ранг листата.

Список на песни

Музички персонал Њустед Џејсон Њустед − вокал, бас гитара Хесус Мендес Јун. − тапани Џеси Фарнворт − гитара, придружен вокал

Пласман Година (2012) Највисокоместо САД Билборд 200 62

Наводи

Надворешни врски Официјалниот видео запис за песната „Soldierhead“ на YouTube Интервју со Џејсон Њустед по повод издавањето на албумот

Категорија:Албуми од 2013