Алија Авдовиќ (, - , ) — македонски првоборец, комунистички деец, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.Македонска енциклопедија (прв том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 30
Животопис Родителите на Алија се доселиле од Херцеговина во Скопје. Основно училиште завршил во родното село, а медреса учел во Скопје. Таму се приклучил кон прогресивното младинско движење. Бил студент при Филозофскиот факултет во Скопје, а како припадник на прогресивното студентско движење бил прогонуван од страна на српската полиција.Тихо Милошевски, „Беа, загинаа, останаа“, Скопје, 1969, стр. 22-23
Бил изразито револуционерно ориентиран и хуман. Организирал собирање на помош за сиромашните, а често им помагал на послабите соученици. Со тоа изградил авторитет кај учениците и симпатии кај професорите. Како ученик во V клас во текот на летниот одмор, им помагал на домашните при вршидбата. Но, несреќно паднал во цилиндарот на машината за вршење и ја загубил десната нога. Поради тоа го добил прекарот „Ќопа".
Во 1932 година со неколку соученици бил исклучен од Медресата, без право на упис во друго училиште. Тоа било и главна причина да се организира бојкот на наставата и штрајк со глад во интернатот. Ваквите акции на чело со директорот на Медресата, кој отворено ги истакнувал вонредните способности на исклучените, овозможиле истите да бидат вратени во училиштето.
По завршувањето на матурата се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. Полицијата непрекинато го следела во овој период, го сослушувала, му се заканувале со робија и го советувале да прекрати со револуционерната дејност и пропаганда.
Во една партиска провала во Титов Велес и Скопје, кон крајот на 1934 година бил уапсен, а потоа и осуден како комунист според Законот за заштита на државата. Бил затворен со Страхил Гигов, Антун Колендиќ, Орце Николов, Душко Поповиќ, Боро Тодоровиќ и други. Казната ја издржувал во затворот во Сремска Митровица, каде стекнал богато револуционерно искуство. По излегување од затворот, поради нарушеното здравје извесно време престојувал во болница и во санаториум, но продолжил со комунистичката дејност во родното село и околината. Во Сингелиќ формирал група активисти (1939) ангажирани во „Селската самопомош“ и во Народната помош за учесниците во работничките штрајкови во Скопје.„Сеќавања од НОБ“, Архив на Скопје, 1975, стр. 10
Во револуционерната 1941 година неговата куќа, била собиралиште на напредно ориентираните луѓе, скоевци и комунисти. Во неа доаѓале како илегалци и Благоја Давков, Цветан Димов, Перо Ивановски - Тикваро, Периша Савелиќ и многу други.
По фашистичката окупација, поради антифашистичката дејност повторно бил уапсен на 6 август 1941 година. Бил спроведен во логорот Бањица и со група затвореници стрелан од страна на Гестапо. Непосредните мигови пред стрелањето запаметен е неговиот храбар и достоинствен потег со кој успеал да спаси неколку затвореници од стрелање.
Биле прашани "Кој меѓу вас е комунист нека се јави и нека се издвои?"
На што Алија одговорил: „Овде нема други комунисти, ocвeн Боро Тодоровиќ и мене. Вие ќе ме стрелате, но нашиот дух и верата во победата, ќе останат вечни".
При проштевањето со другарите заедно со Боро Тодоровиќ ја испеле Интернационалата и со дигнати глави заминале на стрелање.Крсто Здравковски, „Да не се заборави“, Скопје, 1982, стр. 65-66
Денес, во чест на неговото дело, основното училиште во с. Батинци и една скопска улица во населбата Гази Баба го носат неговото име.
Наводи
Литература Alija Avdović-Aljo, "Bolnije od smrti", Kulturni centar Bošnjaka u Republici Makedoniji, 2003.
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски Бошњаци