Хронологија на животот на Тамерлан 9 април 1336 Официјалена дата на раѓањето на Тамерлан во близината на Шахрисабз 1347 Казахан ја презел власта во Трансоксијана. 1355-1356 Раѓање на првиот син на Тамерлан - Џахангир. 1358 Убиството на Казахан. 1360 Туглуг Тамерлан ја наметнува својата власт врз Трансоксијана. Тамерлан станува негов вазал, меѓутоа набргу со емирот Хусеин крева бунт. 1362 Тамерлан се жени со сестрата на Хусеин, зацврстување на сојузот. 1365 Илајас Хоџа ги поразува Тамерлан и Хусеин. 1366 Тамерлан и Хусеин го контролираат Самарканд. Илајас Хоџа е убиен, а нов владетел на Могулистан е Камар Уд Дин Кан Дугхлат. Мира Шах е роден. 1366-1370 Борби помеѓу Тамерлан и Хусеин. 1370 Тамерлан го победува Хусеин и станува господар на Трансоксијана. Тамерлан го поставува Суругатмиша за хан и се прогласува за голем емир. 1372 Тамерлан започнува воена капања против династијата Суфи и постигнува победа. 1373 Тамерлан започнува pohod против новиот владетл од династијата Суфи - Јусуф Суфи. Војната бргу завршила бидејќи Јусуф Суфи се извинил и ја понудил својата ќерка на најстариот син на Тамерлан - Џахангир. 1375-1376 Тамерлан војува против Могулистан. 1376 Умира првиот сина на Тамерлан - Џахангир. На Тамерлановиот двор пристигнува Туктамиша, претедент на Златната Орда. Тамерлан му дава поткрепа. 1377 Се раѓа синот на Тамерлан - Шахрух. 1378 Туктамиша по третпат бара помош од Тамерлан за да ја преземе власта. 1380 Туктамиша станува господар на Златната Орда 1381 Освојување на Херат, походот на Хорасан 1384-1386 Тамерлан ги освојува Систан, Кандахар и Султанија. Градот Заранџ е ограбен. Туктамиша го напаѓа Тебриз. Како одговор, Тамерлан ја започнува тригодишниот поход во Персија. Тамерлан ги освојува Тебриз и Тбилиси. 1387 Тамерлан презема поход низ Ерменија и Анадолија, го освојува градот Исфахан, Тамерлан го принудува Туктамиша да се повлече. 1389-1390 Поход против Могулистан. 1390-1391 Тамерлан подготвува голем поход против Туктамиша. Тамерлан и неговата војска извршуваат марш од 3 000 километри и го поразуваат Туктамиша. 1393 Грузија е разурната. Тамерлан го завршува своето освојување на Персија. Војската на Тамерлан влегува во Багдад. 1394 Египетскиот мамаелучки султан Баркук склучува сојуз со Туктамиша. Тамерлан ги разурнува Еремнија и Грузија. Туктамиша испраќа сили на Кавказот. 1395 Тамерлан за втор и последен пат го поразува Туктамиша. Тамерлан со својата војска се движи во срцето на Златната Орда. Тамерлан ги разурнува големите градови Сарај, Астрахањ и Хана. 1396 Тамерлан триуфално се враќа во Самараканд со богат плен. Во престолнината започнуваат големи градежни проекти. 1397 Пир Мухамед - синот на Џахангир, ја подготвува следниот поход на Тамерлан. 1398 Тамерлан ја спроведува походот на Индија во текот на која се убиени 100 000 индиски заробеници и го освојува Делхи. 1399 Мамелучкиот султан Баркук умира. Неговиот син Фарај доаѓа на власт. Овие случувања го потикнуваат Тамерлан повторно да се ангажира на запад. 1400 По освојувањето на Сивас, Тамерлан издава наредба за закопување на 3 000 живи зароебни војници. Во Алеп се убиени 30 000 жители. 1401 Тамерлановата војска го освојува Дамаск, градот е разурнат. По бунтот, Багдад по вторпат е освоен, 90 000 негови жители биле убиени. 1402 Во јули, во Битката кај Ангора Тамерлан го победува османлискиот султан Бајазит I. Османлискиот султан е заробен. Тамерлан го победува Малтешкиот ред и ја освојува Смирна. 1403 Бајазит починал во заробеништво. Тамерлан за последен пат навлегува во Грузија. 1404 Во Самарканд, Тамерлан подготува поход против династијата Минг. 1405 На пат за Кина, Тамерлан умира на 19 јануари во Отрар.

Тамерлан или Тимур (чагатајски: Temür; во персиско-арапска: форма تیمور - Teymūr, што значи железо; 9 април 1336 - 18 февруари 1405), целосното негово име е Тамерлан Ибн Таргај Барлас (Tīmūr ibn Taraġay Barlas), под името Тамерлан или Тамерлан Ланг (Тамерлан Куциот) е познат бидејќи имал вроденa мана на левото стапало.

Тамерлан е еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото и се вбројува меѓу Александар III Македонски и Џингис Хан Ten of the greatest: Historical conquerors. Тој бил исклучително контроверзна личност на своето време, а како таков останал и до ден денес. Во енциклопедијата Британика, Тамерлан се смета за турски освојувач, додека во индиската историографија, Тамерлан се именува како водач на Турците-чагатајци (потомци на Монголите). Во текот на 35 години, Тамерлан постојано војувал и презел голем број на походи и кампањи. Со освојувањата, неговата држава се проширила на запад и северозапад, таа се простирала во близината на Каспиското Море, бреговите на Урал и Волга. Со походите на југ и југозапад, тој ја освоил Персија, вклучувајќи ги Багдад, Карбала и северен Ирак.

Негов најголем непријател бил монголскиот владетел, потомок на Џингис Хан, Туктамиша. Овој монголски принц најпрво се засолнил кај Тамерлан барајќи заштита и помош, а подоцна успеал да ја наметне својата власт врз источниот дел на Кипчак и Златната Орда.

Тамерлан бил основач на една голема и моќна држава која во историската наука е позната како Тимуридско царство, а воедно тој е родоначалник на Тимуридите, кои со векови владеееле со територии во Источна, Јужна и Средна Азија. Тамерлан бил прапрадедо на Бабур, основачот на Могулското царство, кое опстојало до 1857 година во Индија "Timur", Encyclopædia Britannica, Online Academic Edition, 2007."Central Asia, history of Timur", in Encyclopædia Britannica, Online Edition, 2007., Quotation: "... Timur first united under his leadership the Turko-Mongol tribes located in the basins of the two rivers...."History of Central Asia, Encyclopædia Britannica Online. 13 December 2008.B.F. Manz, "Tīmūr Lang", in Encyclopaedia of Islam.. Има значајна улога во историјата на Средна, Јужна и Западна Азија, како и на Кавказ, Поволжјето и Русија.

Настојувал да го возобнови Монголското Царство Beatrice Forbes Manz, Temür and the Problem of a Conqueror's Legacy, Journal of the Royal Asiatic Society, Third Series, Vol. 8, No. 1 (Apr., 1998), 25; "In his formal correspondance Temur continued throughout his life as the restorer of Chinggisid rights. He even justified his Iranian, Mamluk and Ottoman campaigns as a reimposition of legitimate Mongol control over lands taken by usurpers...". во нејзините стари граници. Меѓутоа неговата најголемата победа била против исламизираната Златна Орда. Тамерлан се облекувал како исламски војник (на арапски: غازي, ġāzī гази) , а своите војни ги претставувал како џихад (на арапски: جهاد‎ ǧihād, света војна насочена против неверниците), но сепак неговите походи имале значителен негативен ефект врз муслиманските земји. Османлиското царство по Битката кај Ангора западнала во граѓанска војна, а нејзината експанзија на запад била сопрена за околу 50 - тина години со што бил продолжен животниот век на Византија.

Неговата војска се состоела од различни народи и племиња. Кон крајот на 14 и почетокот на 15 век, Тамерлан станал најмоќниот владетел во муслиманскиот свет по победите над Мамелуците во Египет и Сирија, Османлиското царство и Делхискиот султанат. Тамерлан исто така го поразил и Малтешкиот ред во Смирна. Во последните години, тој се стекнал со целосна контрола над остатоците на Чагатајскиот ханат, Илканатот и Златната Орда, па дури и се обидел да ја покори Кина и да ја вознбови династијата Јуан.

Во текот на походите, неговите армиии ја разурнале Азија Matthew White: Atrocitology: Humanity's 100 Deadliest Achievements, Canongate Books, 2011, ISBN 9780857861252, section "Timur". Во 1387 година, Тамерлан на своите војници им наредил да извршат колеж врз жителите на Исфахан. Во овие настани биле убиени околу 100.000 и 200.000 луѓе . Според еден современик, по убиствата биле изградени 28 кули, а како главен материјал послужиле главите на убиените граѓани. Секоја кула се состоела од околу 1 500 глави Fisher, W.B.; Jackson, P.; Lockhart, L.; Boyle, J.A. : The Cambridge History of Iran, p55.. Според некои автори, оваа суровост на Тамерлан претставувала стратегија за заплашување и обесхрабрува на неговите непријатели, авторите исто така потенцираат дека неговите масакри биле селективни, односно во текот на крвопролевањата биле поштедени уметниците и архитектите . Научниците проценуваат дека во текот на неговите воени походи загинале околу 17 милиони луѓе, односно 5% од тогашната светската популација J.J. Saunders, The history of the Mongol conquests (page 174), Routledge & Kegan Paul Ltd., 1971, ISBN 0812217667.

Тамерлан исто така е признат и како голем заштитник на уметноста и архитектурата, иако неговите походи честопати носеле големи материјални разурнувања. Под негова заштита работеле голем број на муслиманските интелектуалци, како Ибн Халдун и Мухамед Шемсудин Хафиз Marozzi, pp 341–342.. Потекло

Тамерлан потекнувал од областа Трансоксијана или Трансоксанија, позната и како Фераруд (на персиски: فرارود‎,; Ма Вара Ун Нахер на арапски: ما وراء النهر‎). Трансоксијана e древно име за област во Средна Азија која ги опфаќала териториите на денешните држави: Узбекистан, Таџикистан, јужен Киргистан и југозападен Казахстан. Во географска смисла, оваа област ги опфаќа териториите помеѓу реките Аму Дарја и Сир Дарја Encyclopædia Britannica online. Трансоксијана била една од сатрапиите во Персиското царство под името Согдијана. Името Трансоксијана има латинско потекло и во буквален превод зачи преку реката Окс. Арапското име на оваа област Ма Вара Ун Нахер , значи она што е преку реката. Поголеми градови на оваа област се Самарканд и Бухара, и двата во јужниот дел на Трансоксијана. Поголемиот дел од областа е сува, но со плодни рамници. Самарканд и Бухара по исламското освојување останале центри на персисиката култура. Во 1219 година, Џингис Хан ја нападнал оваа област и ја освоил. По неговата смрт во 1227 година, земјите во западниот дел на Средна Азија му припаднале на неговиот втор син Чагатај, а областа влегла во рамките на т.н Чагатајски Ханат.

Тамерлан е роден во градот Шахрисабз (Зелениот град). На местото на денешниот град, се наоѓал древниот град Наутака кој бил еден од најстарите градови во Средна Азија. Птоломеј I , генерал на Александар III Македонски, во овој град го заробил бактрискиот сатрап Бес, со што било уништено Персиското царство. Во зимата 328-327 година, Александар со својата жена Роксана престојувал во Шахрисабз. Во Персиското царство, градот бил позната како Каш. Градот, во минатото се наоѓал точно на половина на Патот на свилата, помеѓу Кина и Западот.