Мајабеке () е една од двете нови покраини на Куба, создадени на почетокот на 2011 г. со подвојување на покраината Хавана.La racionalidad como premisa- Periódico GranmaProponen en Pleno del Partido dos nuevas provincias cubanas: Artemisa y Mayabeque (+ Infografía) - Cubadebate
Покраината се состои од 11 источни општини од поранешната покраина Хавана, а главен град е Сан Хосе де лас Лахас. Наречена е по реката Мајабеке, на чиј лев брег во 1514 г. е основано селото Хавана (Сан Кристобал де ла Хабана), кое потоа прераснало во престолнина на земјата.¿Por qué Artemisa y Mayabeque?
Така, оваа нова покраина е најмала и најмалку населена во земјата, ако не се смета градот-покраина Хавана. Новите покраини стапиле на сила на 1 јануари 2011 г.
Стопанството е мешано. Во земјоделскиот секртор се одгледуваат земјоделски култури како овошјето, компирот, раноградинарските производи и шеќерната трска, а важна улога има и сточарството, особено за производство на млечни производи. Индустријата е застапена главнмо во Сан Хосе де лас Лахас и Санта Крус дел Норте со производство на градежни материјали, електрични кабли, гума, стаклени и керамички садови, преработка на прехранбени производи и хартија, шеќерани, две големи фабрики за рум (марката Havana Club), биофармацевтика (во Бехукал), рибни производи, електрани и експлоатација на нафра и гас. Во покраината има и неколку важни научни установи и универзитет од областа на агрономијата.
Општини мини|Карта на покраината Мајабеке мини|Патна карта на покраината Мајабеке
Општина Површина (км²) Население Густина Батабано 263,43 26.944 102,3 Бехукал 116,36 26.966 231,7 Гвинес 433,09 67.919 156,8 Кивикан 227,1 29.463 129,7 Мадруга 459,58 29.805 64,9 Мелена дел Сур 233,56 20.646 88,4 Нуева Паз 522,8 25.471 48,7 Сан Николас де Бари 228,86 20.695 90,4 Сан Хосе де лас Лахас 592,67 74.186 125,2 Санта Крус дел Норте 379,38 34.216 90,2 Харуко 275,9 25.13591,1 Вкупно 3.732,73 381.446 102,2 Извор: Државни статистики за 2010 г.Mejor atención al pueblo y más funcionalDiario Granma
Најнаселени градови се Гвинес (42.000 жит.) и Сан Хосе де лас Лахас (37.000 жит.)
Наводи
Категорија:Покраини во Куба
Категорија:Држави и територии настанати во 2011 година