Ристо Дамјановски (роден во Доленци, — ) ― поранешен министер за одбрана на Република Македонија. Завршил највисок степен на воено образование во Белград, а докторирал на Универзитетот во Скопје и станал прв доктор на воено-историски науки. Напредувал од поручник до генерал и од учител до универзитетски професор. Во својата богата војничка кариера, тој извршувал највисоки логистички, наставни, политичко - партиски и општествени функции. Тој бил член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана, член на стручната Влада, и бил Министер за одбрана на Македонија.
Наводи
Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Луѓе од Доленци (Демирхисарско) Категорија:Починати во Скопје Категорија:Министри за одбрана на Република Македонија Категорија:Југословенски воени лица