Потсдам (; ) — главен град на германската сојузна покраина Бранденбург и дел од метрополитенската област Берлин/Бранденбург. Се наоѓа на реката Хафел, 24 километри југозападно од Берлин.
Потсдам имал свои моменти на национална и светска слава. Во Германија го има статусот што го има Виндзор во Велика Британија: бил резиденција на пруските кралеви и германските цареви до 1918. Околу градот постојат низи на меѓусебно поврзани езера и уникатни културни знаменитости, како парковите и дворците на Сансуси, најголемото светско културно наследство во Германија. Потсдамската конференција, главната повоена конференција по Втората светска војна помеѓу победничките држави, била одржана во друга палата во областа, Сесилинхоф.
Бабелсберг, во југоисточниот дел на Потсдам, било главно филмско студио пред војната и уживало одреден успех како главен центар на европскиот филм пред падот на Берлинскиот ѕид. Студиото Бабелсберг е најстарото опсежно филмско студио во светот.
Потсдам се развивал како научен центар во Германија од 19 век. Денес, постојат три јавни универзитети и повеќе од 30 истражувачки институти во градот.
Потекло на името
Името „Потсдам“ првично гласело „Позтупими“. Главна теорија е дека потекнала од старо западнословенскиот збор кој означува „под дабовите“, односно од терминот „pod dubmi/dubimi“.
Географија
мини|лево|Сансуси мини|лево|Темплинското Езеро јужно од Потсдам
Областа била создадена од низа големи морени останати од последното ледено доба. Денес, градот има 75% зелени површини и само една четвртина урбана област. Постојат околу 20 езера и реки во и околу Потсдам, како Хафел, Грибницско Езеро, Темплинско Езеро, Тифско Езеро, Јунгфернско Езеро, Канал Телтов, Хајлигско Езеро и Сакровско Езеро. Највисоката точка во градот е на 114 метри надморска височина и наречена Клајнер Равенсберг (Kleiner Ravensberg).
Потсдам е поделен на седум историски градски окрузи и девет нови единици (Ortsteile), кои му се приклучиле на градот во 2003. Изгледот на градските окрузи се прилично различни. Историските градби главно се наоѓаат во окрузите во северниот дел и во центарот, додека новите градби главно се изградени во јужниот дел на градот.
Историја
мини|лево|Документ од Светото Римско Царство од 993 во кој се споменува Позтупими мини|десно|Нов дворец мини|десно|Градскиот замок во Потсдам во 1773
Областа околу Потсдам била населена уште од бронзено доба и била дела од Магна Германија опишано од Такит. По преселувањата, Словените се доселиле и Потсдам бил веројатно основан по 7 век како населба на Хавелјаните. Првпат бил споменат во документ од 993 како Позтупими, кога царот Отон III ја доделил територијата на Опатијата Кведлинбург, тогаш водена од неговата тетка Матилда. До 1317 бил споменуван како мал град. Здобил градски права во 1345. Во 1573 сè уште бил мал град со околу 2.000 жители. Потсдам го загубил скоро половина од населението во Триесетгодишната војна (1618–1648).
Постојан посед на Хоенцолерн од 1415, Потсдам станал познат, кога во 1660 бил избран како ловечка резиденција на Фридрих Вилхелм I, изборен кнез на Бранденбург-Прусија, јадро на тогашната држава која подоцна станала како Кралство Прусија. Исто така во градот се наоѓале касарни на Прусија.
мини|десно|Волтер во резиденцијата на Фридрих II во Потсдам. Делумен поглед на графика од Пјер Шарл Бако.
По Потсдамскиот едикт во 1685, Потсдам станал средиште на европската имиграција. Неговата верска слобода ги привлекла луѓето од Франција (хугеноти), Русија, Холандија и Бохемија. Едиктот го забрзал порастот на населението и економската обнова.
Подоцна, градот станал резиденција на кралското семејство на Прусија. Величествените градби на кралските резиденции биле главно изградени во текот на владеењето на Фридрих Велики. Една од тие е Сансуси (француски: „без грижи“, од Георг Венцеслаус фон Кнобелсдорф, 1744), позната по нејзините формални градини и внатрешноста во рококо. Други кралски резиденции се Новиот дворец и Оранжерискиот дворец.
Во 1815 при создавањето на покраината Бранденбург, Потсдам станал покраински главен град до 1918, меѓутоа помеѓу 1827 и 1843 и по 1918 бил надминат и наследен од Берлин како покраински главен град. Покраината се состоела од два административни округа именувани по нивните главни градови Потсдам и Франкфурт на Одра.
Административен округ Потсдам
Помеѓу 1815 и 1945, градот Потсдам служел како главен град на административниот округ Потсдам (Regierungsbezirk). Административниот округ се состоел од поранешните окрузи Укермарк, Марк Пригниц и голем дел од Курмарк. Бил сместен помеѓу Мекленбург и Померанија на север и Саксонија на југ и на запад бил (Берлин, кој бил урбан округ и енклава во рамките на округот помеѓу 1815 и 1822, потоа припоен како урбан округ во округот и повторно откинат од Потсдам во 1875, станувајќи посебна единица на 1 април 1881). На северозапад, округот се граничел со реките Елба и Хафел, а на североисток со Одра. Југоисточната граница била со соседниот административен округ Франкфурт на Одра. Околу половина милион жители живееле во целиот округ, кој покривал област од околу 20.700 км², поделен на тринаесет рурални окрузи, делумно именувани по нивните административни седишта:Thomas Curtis (1839). The London encyclopaedia, or, Universal dictionary of science, art, literature, and practical mechanics, by the orig. ed. of the Encyclopaedia metropolitana Volume XVIII, p. 11
АнгерминдеБесков-Шторков (од 1836)Источен ХафеландИсточен ПригницЈитербог-ЛукенвалдеДолен БарнимПренцлауРупинТелтов (од 1836)Телтов-Шторков (до 1835)ТемплинГорен БарнимЗападен ХафеландЗападен ПригницЦаух-Белциг
Градовите во округот биле мали, меѓутоа со индустрализацијата и преселувањето на работната сила, некои од нив достигнале степен на урбани окрузи. Поважни градови биле Бранденбург на Хафел, Кепеник, Потсдам, Пренцлау, Шпандау и Рупин. До 1875, исто така, Берлин бил град во рамките на округот. По неговото одвојување, голем број негови предградија надвор од неговите граници станале градови, дел од нив станале урбани окрузи во округот Шарлотенбург, Лихтенберг, Риксдорф (по 1912 Нојкелн) и Шенеберг (сите овие, како и Кепеник и Шпандау, биле припоени во Берлин во 1920). Урбани окрузи биле (годините го означуваат достигнувањето на степенот на урбан округ или излегувањето од округот Потсдам, соодветно):
Берлин (1822–1875)Бранденбург на Хафел (од 1881)Шарлотенбург (1877–1920)Еберсвалде (од 1911)Лихтенберг (1908–1920)Шенеберг (1899–1920)Дојч-Вилмерсдорф (1907–1920)Риксдорф (Нојкелн) (1899–1920)ПотсдамРатенов (од 1925)Шпандау (1886–1920)Витенберге (од 1922)
Потсдам во 20 век
Берлин бил службен главен град на Прусија и подоцна на Германското Царство, но судот останал во Потсдам, каде живееле многу владини службеници. Во 1914, царот Вилхелм II ја потпишал објавата за војна во Новиот дворец. Градот го загубил својот статус на втор главен град во 1918, кога царот абдицирал на крајот на Првата светска војна.
На почетокот на Третиот Рајх во 1933 се случило церемонијално ракување помеѓу претседателот Паул фон Хинденбург и новиот канцелар Адолф Хитлер. Ракувањето се случило на 21 март 1933 во Гарнизонската црква во Потсдам и подоцна било наречено „Денот на Потсдам“. Ова го симболизира сојузот на војската (Reichswehr) и нацизмот. Потсдам бил тешко оштетен при бомбардирањето во текот на Втората светска војна.
мини|лево|Потсдамска конференција во 1945 со Винстон Черчил, Хари Труман и Јосиф Сталин
Дворецот Сесилинхоф бил местото на Потсдамската конференција, која се одржувала од 17 јули до 2 август 1945, на која победничките сојузнички водачи (Хари Труман; Винстон Черчил и неговиот наследник, Клемент Атли и Јосиф Сталин) се сретнале да ја одлучат иднината на Германија и повоена Европа. Конференцијата завршила со Потсдамскиот договор и Потсдамската декларација.
мини|Мостот Глинике, користен за размена на шпиони во текот на Студената војна
Владата на Источна Германија (службено позната како Германска Демократска Република (германски: Deutsche Demokratische Republik, DDR)) се обидела да ги отстрани симболите на прускиот милитаризам. Многу историски градби, некои од нив тешко оштетени во војната, биле урнати.
Кога во 1946, остатокот на покраината Бранденбург западно од линијата Одра-Ниса била создадена како покраина Бранденбург, Потсдам станал нејзин главен град. Во 1952, ГДР ги распуштила своите сојузни покраини и ги заменила со помали нови окрузи. Потсдам станал главен град на новиот истоимен округ до 1990.
Потсдам, југозападно од Берлин, се наоѓал надвор од Западен Берлин и бил одвоен од него по изградбата на Берлинскиот ѕид. Ѕидот со Западен Берлин не само што го изолирал Потсдам од Западен Берлин, туку и двојно го зголемил времето за патување кон Источен Берлин. Мостот Глинике преку Хафел го поврзувал градот со Западен Берлин и бил средиште на некои размени на шпиони во текот на Студената војна.
По повторното обединување на Германија, Потсдам станал главен град на новосоздадената покраина Бранденбург. Постоеле многу идеи и биле вложени многу напори за обнова на првобитниот изглед на градот, најмногу со Градскиот замок и Гарнизонската црква.
Политика Администрација
мини|Старото градско собрание
Потсдам имал градоначалник (Bürgermeister) и градски совет од 15 век. Од 1809, градскиот совет бил избиран со градоначалник (Oberbürgermeister) на негово чело. Во текот на Третиот Рајх градоначалникот бил избиран од НСДАП, а градскиот совет бил укинат; повторно бил воспоставен во претходната форма по Втората светска војна, но слободни избори не биле одржани до повторното обединување на Германија.
Денес, градскиот совет е главната административна власт во градот. Помеѓу 1990 и 1999, претседавачот на градскиот совет бил познат како „градски претседател“, но денес називот е „претседавач на градскиот совет“. Градоначалникот се избира на директни избори.
Ландтаг Бранденбург, парламентот на сојузната покраина Бранденбург се наоѓа во Потсдам. Се планира да се пресели во Градскиот замок по неговото завршување.
Меѓународни односи Збратимени градови
Потсдам е збратимен со следниве градови: ОполеПолска1973 ПеруџаИталија1990 БобињиФранција1974 Су ФолсЈужна Дакота, САД1990 ЈивескилеФинска1985 БонСеверна Рајна-Вестфалија, Германија1988 ЛуцернШвајцарија2002
Образование и истражување
мини|лево|Главната зграда на Потсдамскиот универзитет
Потсдам е универзитетски град. Потсдамскиот универзитет бил основан во 1991 како универзитет на покраината Бранденбург. Негов претходник бил Академијата за општествени и правни науки на ГДР „Валтер Улбрихт“ (Akademie für Staats- und Rechtswissenschaften der DDR „Walter Ulbricht“), образовна институција основана во 1948, која била една од најважните универзитети во ГДР. На самиот универзитет студираат околу 20.000 студенти.
мини|десно|Кулата Ајнштајн била изградена во 1921 во чест на истражувањата за теоријата за релативноста
Во 1991 била основана Високата школа како втор универзитет во градот, на кој студираат околу 2.400 студенти.
Исто така постои и Висока школа за филм и телевизија (Hochschule für Film und Fernsehen „Konrad Wolf“ HFF), основана во 1954 во Бабелсберг, познат центар на германската филмска индустрија, со повеќе од 600 студенти.
Постојат и неколку истражувачки центри, вклучувајќи ги тие на институтот Фраунхофер за истражување на полимер и биомедицинско инженерство; на друштвото „Макс Планк“ за гравитациска физика (Институт Алберт Ајнштајн), за колоиди и за молекуларна физиологија; германскиот истражувачки центар за геонауки; потсдамскиот астрофизички институт; институт за напредни студии за одржливост и потсдамскиот институт за истражување на влијанието на климата.
Главни знаменитости
мини|Дворец Сансуси.
Историски гледано, Потсдам бил средиште на европската имиграција. Неговата верска слобода ги привлекла луѓето од Франција, Русија, Холандија и Бохемија. Ова е сè уште видвливо во културата и архитектурата на градот.