Булгар милет или бугарски милет — милет во рамките на Отоманското Царство меѓу средината на XIX до почетокот на XX век.Компендиум "Бугарската нација во ренесансата." Том втор. Издаваштво на БАН, Софија, 1989 година стр 112-113. По средината на XIX век класичниот отомански милетски систем почнал да се распаѓа со постојана идентификација на вероисповеда со етничкиот идентитет, и терминот "милет" започнал да се користи како синоним за нација.The Balkan Wars in the Eyes of the Warring Parties: Perceptions and Interpretations, Igor Despot, iUniverse, 2012, ISBN 1475947054, p. 12.Nationalist Exclusion and Ethnic Conflict: Shadows of Modernity, Andreas Wimmer, Cambridge University Press, 2002, ISBN 052101185X, pp. 171-172.Islam, Secularism and Nationalism in Modern Turkey: Who is a Turk?, Soner Cagaptay, Routledge, 2006, ISBN 1134174489 P. 5. Првично како милет биле признати бугарските унијати,Късно средновековие и Възраждане, Том 2 от История на българите, Емил Александров, TRUD Publishers, 2004, ISBN 9545284676, стр. 593-594. а потоа и милетот на бугарските источноправославни христијани ( Eksarhhâne-i Millet i Bulgar). Милетите имале законско право да градат свои автономни институции како цркви, училишта, болници и друго, во посебни места низ населените места, кои имале етно-религиски карактер. Бугарската борба за признавање на посебна црква основана на национален принцип, претставувалa директна закана за севкупниот уред на османлиската држава заснован на системот за идентификација на религијата со националноста.Collective Memory, National Identity, and Ethnic Conflict: Greece, Bulgaria and the Macedonian Question, Victor Roudometof, Greenwood Publishing Group, 2002, ISBN 0275976483, р. 85. Во 1849 година султанот за првпат го признал постоењето на посебен бугарски етнос,History of the Balkans, Barbara Jelavich, Cambridge University Press, 1983, ISBN 0521274583, р. 343. а со признавањето на бугарскиот милет во 1870 година било признаено постоењето на посебна бугарска нација.A Concise History of Bulgaria, R. J. Crampton, Cambridge University Press, 2005, ISBN 0521616379, р. 74-75. Постепено, милетскиот систем се распаднал целосно, а овој процес се совпаднал со создавањето во 1878 г. и зајакнувањето на Третата бугарска држава, во која се влел големиот дел од бугарскиот милет. Тој практично и станал јадрото на новата бугарска нација.

Милетски систем Во Отоманското Царство не постоел редовен систем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа, туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Ромите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум-милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманското Царство кои биле под духовна јурисдикција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат Македонците-патријаршисти кои биле нарекувани и како Грци. Христијанското население кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Булгар-милет, тука спаѓаат Македонците-егзархисти кој биле нерекувани и како Бугари. Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003

Историја Заднина По падот на Бугарија под отоманска власт населението ја загубило својата национална црква и држава и на тој начин станало подложно на асимилација. Таа асимилација била извршувана преку исламизацијата која била како насилна, така и доброволна. Освен тоа, Бугарите биле жртви на верска, политичка, економска и правна дискриминација. Како резултат на тоа, народот почнал постепено да го губи својот етнички идентитет и кон средината на 18-от век, бугарскиот дух останал зачуван главно во изолираните манастири. Бугарите биле иселени во оддалечените села, сместени во планинските предели, а во градовите доминирало исламско (вклучувајќи исламизирано), грчко (вклучувајќи погрчено) и еврејско население. Според некои автори како Петар Мутафчиев, Бугарите ја изгубиле речиси целосно својата народност кон крајот на 18. век,Мутафчиев П Книга за Бугарите, 1987 година II-ро ед. стр 149-150. а според други како Христо Гандев тие несомнено имале свест дека припаѓаат и кон посебна етничка заедница, но таа не создавала толку силни чувства на приврзаност и лојалност како кон верската припадност.Проблеми на Бугарската преродба. Со, 1976, 271-294. Гандев, Хр. Тогаш Бугарите биле дел од т.н. Рум милет и се идентификувале повеќе како христијани, а татковината им се протегала до границите на земјата на родната населба. Според трети научници, поимот „Бугарин“ тогаш не бил само етничка категорија, а имал и социо-битно значење. Со него се одликувале православните селани, кои зборувале бугарски и формирале пониско образована група, која била ангажирана главно со земјоделство или сточарство.When Ethnicity Did Not Matter in the Balkans. J. V. A. Fine, University of Michigan Press, 2006, ISBN 047211414X, pp. 3-5. Во таа смисла Бугарите го загубиле својот „статус“ како одделна и самостојна етничка заедница. Тие биле третирани од освојувачите едноставно како друговерски царски поданици под надзорот на Цариградската патријаршија. Самите Османци, дел од т.н. Исламски милет ги нарекувале Бугарите: „раја“, т.е. обични селани,[Историја на Бугарите: Во 8 тома. Доцна среден век и преродба. Том 2 од Историја на Бугарите, ISBN 954621213X, Автор Георги Бакалов, Уредник Георги Марков, Етикета TRUD Publishers, 2004, стр 52-53.] и „зимми“, т.е. „луѓе на Писмото“ или „урум“ (православни). Муслиманите исто така ги нарекувале во тоа време христијаните „ѓаури“, што значи „луѓе кои не ја исповедуваат вистинската вера“, „неверници“. Како зачетник на бугарската преродба се смета калуѓерот Паисиj Хилендарски, кој во 1762 година го напишал првиот бугарски преродбенички текст „Историја словенобугарска“.

Формирање и признавање По Големата француска револуција (1789 - 1799 година) започнал порастот на национализмот во Европа, вклучително и во Отоманското Царство. Бугарската идеја се изразувала во овој период во спорадични акти на црковен протест против денационализаторската политика на Цариградската патријаршија. Меѓу новите идеи кои внеле просветителството меѓу Рум-милетот, била и идејата за граѓанска нација. На бугарското земјиште започнал процес на национална бугарска преродба, и како резултат на тоа почнала борбата за бугарска црковна независност, наречена во тоа време Бугарско национално движење. Ерата на јавни реформи, наречена Танзимат, започнала со воведување на пакет закони во 1839 година и завршила со усвојување на првиот отомански устав од 1876 година, но и тоа дало дополнителни надежи на Бугарите. Според Георги Раковски од 1848 година, отоманска влада започнала во некои официјални документи да ги одделува Бугарите од Рум-милетот и да им дава народносно име: Бугар-милет.Нѣколко риечи о Асѣню Първому: великому царе българскому и сину му Асѣню Второму, Георги Стојков Раковски во Кн. Србија. Книги-печятницѫ, 1860, стр 2. Во 1849 година бил издаден официјален султански ферман, со кој се овозможило Бугарите во Цариград да имаат свој храм. Во 1860 година бугарските свештеници таму еднострано прогласили независност на Бугарската црква од Цариградската патријаршија, но тоа довело до репресија и зајакнување на католичката пропаганда. Така на 14 април 1861 година Јосиф Соколски бил признат од султанот со специјален берат за „милет баши на Бугарите унијати со Рим“, што значело формално признавање на бугарскиот народ.Историја на Бугарите. Том 2 од Georgi Bakalov, ISBN 954621213X, TRUD Publishers, 2004, стр.Communities and identities in Bulgaria, Anna Krŭsteva, Longo, 1998, ISBN 8880632108, p. 308 Истовремено во Русија добил замав панславизмот, кој влијаел силно на руската надворешна политика, која имала зацртано да ги заштитува националните движења на балканските Словени и да им помага при создавањето на нивните држави. Така, не без помошта на руските дипломати во Цариград, на 28 февруари 1870 година султанот Абдул Азиз издал ферман со кој била призната самостојна Бугарска егзархија. Вака де јуре било признато постоењето на посебен бугарски народ. Во пракса, поголем дел од унијатите станале егзархисти по формирањето на Егзархијата.

Македонските Словени како дел од Булгар милетот Како дел од бугарскиот милет, во минатото голем дел од Македонците биле именувани како Бугари. По заедничка децениска борба на бугарските и бугарско-македонските елити била создадена бугарската црква. Првично во териториите под јурисдикција на Бугарската егзархиja бил вклучен Велес. Процесот на гласање за припојување кон Егзархијата во македонските епархии во Охрид и Битола во 1874 завршил со резултат повеќе од две третини за Егзархијата. Во Охрид од општо 9,387 христијански фамилии само 139 луѓе гласале за останување во Патријаршијата, а во Скопје од 8,698 христијански фамилии 8,131 се присоединиле кон Егзархијата."История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1987, стр. 176.Евтим Спространов, "По възражданьето в град Охрид", глава IV, стр. 675, "Сборник за народни умотворения, наука и книжнина", книга XIII, София, 1896. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 86. Ив. Лазаров, Пл. Павлов, Ив. Тютюнджиев, М. Палангурски, "Кратка история на българския народ", София, 1993, стр. 141. Со Санстефанскиот мировен договор од 1878 година се воспоставила автономна бугарска држава во рамките на Отоманското Царство, која ја опфаќала речиси цела Македонија. Големите сили не биле задоволни со таа Голема Бугарија и ова незадоволство довело до одржување на Берлинскиот конгрес кој ставил крај на оваа држава. По краjот на Руско-турската војна Бугарската егзархија се соочила со нови тешкотии. На митрополитите не им било дозволено да се вратат назад во нивните епархии, а исто така Северна Добруџа и реонот на Ниш, Пирот и Врање, кои по 1878 преминале во Романија и Србија. По потпишувањето на мирот, Егзархот се вратил во Цариград дури во 1880 во обид да ја одбрани целоста на црквата, бидеjки отоманската власт побарала Егзархијата да остане само во границите на новокреираното Кнежевство Бугарија, а сите други епархии да бидат дадени одново на грчката Цариградска патријаршија. Но под меѓународен притисок на 17 декември 1883 година султанот го потврдил деjството на ферманот од 1870 година. Процесот на враќање всушност продолжил повеќе од една деценија. Во епархиите, кои останале под власта на Цариградска патријаршија, било дозволено Егзархијата да има свои претставници, нарекувани егзархиски намесници, кои ги организирале црковното и образовното дело. Припадниците на Бугарската егзархија во Македонија во 1900 година биле 817,000 од општо 1,370,949 христијани (од кои словенојазичните христијани биле 1,032,533) во областа и при вкупно население од сите религии 2,258,224, кое изнесува 59,6% од сите христијани (79,1% од словенојазичните христијани) и 36,2% од вкупното население. Во резултат на политиката на Кралство Југославија и Кралство Грција спроведена меѓу двете светски војни сите локалните бугарски цркви и училишта биле затворени или претворени во српски или грчки, а свештениците и учителите биле малтретирани и протерани во Бугарија. Како резултат, по Балканските војни и по Првата светска војна имало големи бегалски маси од Грција и Југославија во Бугарија.

Оделување на Македонците од бугарскиот милет