Барбарос (познато и како Барбарас) — поранешно село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Селото повеќе не постои, а од него се останати само остатоци.
Селото се наоѓало близу месноста Барбарос, кај истоимениот превој на патот Македонски Брод-Прилеп, при преминот од Порече кон Прилепското Поле.
Историја Селото е наречено по превојот. Според една легенда, низ него поминал и светиот римски цар Фридрих I Барбароса по кого што и превојот и селото го носат името. Кажувањата на месното население одат дури дотаму што тврдат дека телото на Фридрих I се чувало во пештерата Пешна, кога крстоносците го враќале од Палестина кон Германија.
Село е спомнато во Виргинската грамота на царот Константин Асен од XIII век, издадена во Виргинскиот манастир „Св. Ѓорѓи Скоропостижник“ во Скопје.
Во XV-XVI век бројоста на домаќинствата во Барбарос била следнава:Стојановски, Александар. Дервенџиството во Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет, 1962, с. 98.
Година Домаќинства Неженети Вдовици средина на XV век 5 1 — 1476/77 57 5 — 1481/82 107 — 9 1519 77 2 — 1523 77 — 2 1528/29 59 7 2 1544/4 42 — —
Во XV век селото било дервенџиско. Во XVI век 30 селани биле дервенџии, а останатите биле обична раја.Стојановски, Александар. Дервенџиството во Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет, 1962, с. 98-99.
Во век, Барбарос било село во Поречката нахија на Кичевската Каза на Отоманското Царство.
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 6 домаќинства со 25 христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 74-75.
Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според митрополитот Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Барбарос имало 5 „српски“ куќи (негирајќи ја македонштината).Извештај на митрополит Поликарп, 25 февруари 1904 г., Државен архив на Македонија
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Барбарос имало 62 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 247. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Барбарос имало 40 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 148-149.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Барбарос се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 6 куќи.
За време на Првата светска војна селото било во состав на Општина Дебреште во Бродската Околија на Тетовскиот Округ и имало 50 жители.Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Издаден от Министерството на вътрешните работи и народното здраве, София 1917, с. 97.
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го води Барбарас како македонско село.Тенденциозно нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
Во истражувањата на српскиот географ Петар Јовановиќ од 1935 г. стои дека жителите на Барбарос биле раселени по села во Поречието и во Прилепско Поле, и дека во него нема ниедно семејство. Напишал „Во селото останаа само стари куќи во кои доаѓаат последните иселеници и таму преноќуваат кога е време на се обработуваат нивите.“Јовановић, Петар. Порече // Српски етнографски зборник, књ. LI, Београд 1935, с. 321. Йованович извършва проучването си през 1926 година.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Кула — населба и кастел од средниот век
Галерија
Поврзано
Општина Македонски Брод Порече
Наводи
Надворешни врски
Барбарос на Карти на Гугл