Гвантанамо () е најисточната покраина на Куба. Нејзин главен град е Гвантанамо. Друг поголем град е Баракоа. Покраината ја заобиколува важната поморската база на САД во заливот Гвантанамо.
Архитектурата и културата на Гвантанамо не е иста како во останатиот дел од Куба. Покраината е само 80 км од Хаити, нејзината најблиска точка преку Виндвардскиот Премин, и доволно блиску за да навечер се видат светлата од светилниците во Хаити. Гвантанамо исто така има и голем број имигранти од Јамајка, што значи дека многу згради се споредливи со оние од Францускиот Кварт на Њу Орлеанс во Луизијана.
Планините Нипе-Сагва-Баракоа доминираат во покраината, притоа делејќи ја климатски и географски. Северниот брег е највлажниот дел од земјата, додека на југ е најтоплиот дел. Северот се одликува со дождовни шуми, додека југот е неплоден и има многу кактуси.
Општини
Баракоа Гвантанамо Ел Салвадор Имијас Јатерас (Паленке) Кајманера Мајси (Ла Макина) Мануел Тамес Нисето Перес Сан Антонио дел Сур
Поврзано „Гвантанамера“ - позната песна од ова подрачје Национален парк Алехандро де Хумболт
Наводи
Категорија:Покраини во Куба
Категорија:Држави и територии настанати во 1976 година