Силистренски Пашалак или Силистренски Пашалак (османлиски: ایالت سیلیستره; Eyālet-i SīlīstrêThe English Cyclopaedia: Geography By Charles Knight) познат и како „Пашалак Ози“ (османлиски ایالت اوزی; Eyālet-i Ȫzī) — пашалак (ејалет) на Османлиското Царство кој се наоѓал кај Црното Море и јужниот дел од реката Дунав. Создаден е во 1593 година и постоел до 1864 година.
Пашалакот го опфаќал северниот и источниот дел на денешна Бугарија, територии на четири други земји: романска Добруџа, украинските подрачја околу Буџак (јужна Бесарабија до Бендер, Молдавија) и Едисан (јужно Приднестровие од Одеса до Балта), или речиси целиот реон кој бил под власта на Османлиите меѓу Истанбул и Кримското ханство, вклучувајќи ги сите градови помеѓу Варна и Очаков.
Главен град на пашалакот бил Силистра.
Наводи
Категорија:Пашалаци на Отоманското Царство Категорија:Отоманска Бугарија Категорија:Отоманска Романија Категорија:Отоманска Молдавија Категорија:Отоманска Украина Категорија:Силистра Категорија:Држави и територии распаднати во 1864 година Категорија:Историја на Срем