thumb|right|250px|Лого на Советот

Советот за радиодифузија на Македонија е независно регулаторно непрофитно тело со јавни овластувања во радиодифузната дејност , основано во 1997 година. При остварувањето на своите надлежности, кои се утврдени со Законот за радиодифузната дејност, советот се грижи за обезбедување на слободата и плурализмот во изразувањето, за постоењето разновидни, независни и самостојни медиуми, за економски и технолошки развој на дејноста и за заштита на интересите на граѓаните во радиодифузната дејност. Претседател на советот (состојба 2013) од 2011 година е Зоран Трајчевски со мандат од 6 години.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Радиодифузија