мини|Турската делегација по потпишувањето на договорот, предводена од Мустафа Исмет Инени (во средина) Лозанскиот мир бил во 1923 година. Мировен договор помеѓу Република Турција и од другата страна коалицијата на Антантата. Потпишан бил на 24 јули 1923 во градот Лозана, Швајцарија, на конференцијата која била одржана од 20 ноември 1922 до 24 јули 1923 година. По што биле извршени и територијални поправки (Турција и била вратена источна Тракија со Одрин и Анадолија со Измир). Со тоа Турција ги добила денешните граници.
Со овој договор е пропишана познатата размена на население, со кој муслиманското население во Грција е иселено во Турција, а Грците од Турција се иселени во Грција (во голема мера во Егејска Македонија).
Кралството СХС не го потпишал Лозанскиот договор. Тие со Турција потпишале посебен мировен договор.
Категорија:Договори од Првата светска војна Категорија:Турска војна за независност Категорија:Мировни договори на Турција Категорија:Мировни договори на Грција