Сивата патка или брешката (Anas strepera) е честа и проширена патка од редот гусковидни. Ја има и во Македонија.
Распространетост Брешката се пари во северните делови од Европа и Азија, и централна Северна Америка. Распространетоста на оваа птица се проширува во источна Северна Америка. Таа е птица преселница. Нејзината состојба на зачуваност е најмалку загрозена.
Опис
Брешката е 46–56 см долга со 78–90 см распон на крилја.Floyd, 2008 Мажјакот е малку поголем од женката, кој тежи во просек 990g, а женката тежи 850g. Во сезоната на парење, мажјакот има сива боја, со црна позадина, светли костени крилја и брилијантно бели летачки пердуви, очигледни во лет или во мирување.Dunn and Alderfer, 2006 Вон сезоната на парење, мажјакот е сличен на женката, но е малку посив одоздола и има помалку портокалова боја на клунот. Женката има светлокафеава боја, со перја како женската дива патка. Таа може да се разликува од тој вид по темно-портокаловиот раб на клунот, помала големина, белите летачки пердуви и белиот стомак. Брешката е потивка патка, со исклучок за време на додворувањето. Женките имаат повик сличен на квак како дивата патка но со повисок тон, нешто како гаг аг аг аг. Мажјаците, пак, се огласуваат со свиркање и со звук како ннеек.
Живеалиште и поведение
Сивата патка живее крај езера или бавни реки богати со водни растенија. Претежно се храни со растителна храна, но зимно време јаде и животинска. Гнездата ги прави на земја, обично подалеку од водата. Не е толку друштвена како другите патки вон сезоната на парење и формира само мали јата. Размножување Гнездата обично се скриени под некое дрво, на земја, и претставуваат дупка покриена со растенија и пердувчиња. Несат 5-14 жолтеникави или зеленикави јајца. Ги лежи само женката, додека мажјакот е секогаш во близина на гнездото. Испилените младенчиња се доволно развиени за да можат самостојно да се хранат.
Наводи
Надворешни врски
BirdLife Species Factsheet RSPB A to Z of UK Birds Page An article and photograph Gadwall Information - Cornell Lab of Ornithology Gadwall - USGS Patuxent Bird Identification InfoCenter Massachusetts Breeding Bird Atlas Gadwall videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection Feathers of Gadwall (Anas strepera)
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Гусковидни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј