Голем северен нуркач (Mergus merganser) е вид птица од семејството патки. Ја има во Македонија. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското ЕзероСостојба со птиците во Македонија 2012
Распостранетост Овој вид патки најмногу е распостранет во Европа, северна и Средна Азија и во Северна Америка.
Опис Долги се од 58 до 72 cm, а распонот на крилјата им е 78–97 см. Тешки се од 0,9 до 2,1 кг. Најчесто мажјаците се потешки од женките. Телото на мажјаците им е бело со розово, а грбот црн. Опашката им е сива, крилјата им се црно-бели, а главата им е црна со зелен сјај. Поголемиот дел од телото на женките е сив, а главата им кафено-црвена.
Живеалиште Тие живеат покрај длабоки езера, заливи и реки, а во зима живеат и во солените води.
Исхрана Како и другите патки од нивниот род, се хранат во главно со риби, мекотели, ракови, црви, инсекти и водоземци, за кои нуркаад под вода. Нивните клунови лесно им овозможуваат ловење на пленот.
Размножување Женките почнуваат да ги одгледуваат малечките на две години, а гнездата им се наоѓаат во близина на водите, во шуплините на дрвата, пукнатините на карпите или кај корените на дрвјата. Женките обично несат 9-12 јајца, а инкубацијата трае од 28-35 дена. Најчесто после инкубацијата, мажјаците го напуштаат гнездото. На малечките им треба една недела за да научат да нуркаат, а потоа нивните мајки ги напуштаат.
Наводи
Надворешни врски
Goosander videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection
Категорија:Нуркачи (птици) Категорија:Птици на Македонија Категорија:Гусковидни Категорија:Патки Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј