Матео Ферари (роден на 5 декември 1979 година) — италијански фудбалер, кој во моментов игра за Монтреал Импакт во МЛС.
Ран живот Матео Ферари е син на италијански нафтен инженер и мајка која потекнува од Гвинеја. Неговиот татко работел во разни земји низ Африка поради неговата вокација. Неговиот татко умрел во 1993 година, кога Матео имал 14 години.
Кариера Ферари ја започнал својата кариера во екипата на СПАЛ во 1995, но една година подоцна се преселил во младинскиот тим на Интер. Во периодот од 1997 до 2000 година тој бил позајмуван на три различни клубови:Џенова, Лече и Бари. Токму за време на својата позајмица во Бари, тој го направил своето деби во Серија А, играјќи го целиот натпревар против Фјорентина во кој неговиот тим загубил со 1-0. Тој се вратил во Интер во летото 2000 година, каде одиграл една сезона, по што бил продаден на Парма во една голема размена на играчи помеѓу двата клуба. Матео бил редовен во почетниот тим на млекарите во сите три сезони кој ги одиграл во клубот, запишувајќи 81 првенствен натпревар во кој постигнал и три гола. Во сезоната 2000-01 Ферари освоил победнички медал за триумфот во Купот на Италија. Добрите игри му носат и повик во националниот дрес, а во јули 2004 Ферари и се приклучил на Рома за сума од 7.25 милиони евра. Играјќи во дресот на Рома, Ферари освоил уште два наслови воиталијанскиот куп како и титула во суперкупот, но неуспеал да дојде до скудетото. Во сезоната 2005-06 Ферари бил позајмен на една сезона во англискиот Премиер лигаш Евертон. Откако неговиот договор со Рома истекол, тој се вратил во екипата на Џенова за која веќе настапувал претходно, а по една сезона со нив Ферари вторпат ја напушта Италија и се преселил во турскиот Бешикташ.Матео Ферари му се приклучува на Бешикташ од Џенова Во сезоната 2010-11 кога заработил тешка повреда, Бешикташ решил да го отпушти Ферари и тој станал слободен играч во август 2011.
На 1 март 2012, канадскиот клуб Монтреал Импакт објавиле дека го комплетирале трансферот на Ферари.
Титули Парма Coppa Italia (1) : 2001-02
Рома Coppa Italia (2) : 2006-07, 2007-08 Суперкуп на Италија (1) : 2007
Бешикташ Турски куп (1) : 2010-11
Надворешни врски Профил на TFF Профил на La Gazzetta dello Sport ESPN Soccernet Profile Профил на Soccerway
Наводи
Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери на ФК Монтреал Импакт Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери во МЛС Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1979 година