Пепсин е ензим од желудникот кој ги разградува белковините до пептиди. Бил откриен во 1836 година од страна на Теодор Шван. Во желудникот се излачува како зимоген, пепсиноген, кој содржи дополнителни 44 аминокиселини, а тој се активира од страна на хлороводородната киселина во желудникот. Најефикасно дејство, пепсинот покажува во раскинување на пептидни врски помеѓу хидрофобни и ароматични аминокиселини како: фенилаланин, триптофан и тирозин.
Наводи
Категорија:EC 3.4.23 Категорија:Желудник Категорија:Гени на хромозомот 6 Категорија:Гени на хромозомот 11