Историја на Иран (честопати позната како Персија во западниот свет) е тесно поврзана со историјата на поголем регион кој се протега од реката Дунав на запад, па на исток до реката Инд и Сирдарја, односно од Кавказ, преку Касписко Море и Аралското Езеро на север па сè до Персиски Залив, Омански Залив и Египет на југ.
Иран е дом на една од најстарите континуирани големи цивилизации во светот, со историски и урбани населби уште од 7000 п.н.е.Xinhua, "New evidence: modern civilization began in Iran", 10 Aug 2007 , retrieved 1 October 2007 Југозападниот дел од Иранската Висорамнина се наоѓа на подрачјето кое се смета за антички Близок Исток, со неколку цивилизации кои постоеле на тоа подрачје како Еламите во периодот на раното Бронзено време. Хегел ги именува Персијците како „прв историски народ“. Вистинскиот процут на Персија се случило во Железно време, како резултат на доаѓањето на иранските народи на тоа подрачје. Иранските народи ја формирале Медијанската династија (625 п.н.е.)http://www.britannica.com/ebc/article-9371723 Encyclopædia Britannica Concise Encyclopedia Article: Media, по кое следувало формирање на поголем број на царства, како Ахеменидско Царство, Партско Царство и Сасанидско Царство кои постоеле во класичниот антички период.
Некогаш голема империја, како што отсекогаш била нарекувана како Персија, многу често била освојувана нејзината територија а поради тоа и имала чести промени на територијалните граници. Персија како голема супер сила, била напаѓана и освојувана од страна на Грци, Римјани, Арапи, Турци, Монголци и други народи, често биле вмешани во политики од големи размери па затоа оваа царство воспоставило слика во светот дека се разликува од останатите поради нејзиниот уникатен политички и културен систем.
Иран е дом на еден од најстарите цивилизации којшто во континуитет некогаш постоеле, со историски и урбани населби, кои датираат 4000 година п.н.е. Медијците ја споиле целата иранска територија заедно со целокупното иранско население во 625 година п.н.е. Ахеменидското Царство е првото од низата на ирански царства кои владееле од Балканот, Северна Африка па сè до Средна Азија со главен град Персеполис. Оваа царство ќесто се нарекува и прво светско царство. Првата персиска империја била единствената цивилизација во целата историја која поврзувала над 40% од светското население, со околу 49,4 милиони од 112,4 милиони луѓе во светот во околу 480 п.н.е. Тие биле наследени од Селевкидите, Партите и Сасанидите кои владееле со Иран скоро 1000 години.
Исламското освојување на Персија довело до распаѓање на Сасанидското Царство во 644 година. Ова претставува пресвртна точка во иранската историја. Исламизацијата на Иран се одвивала од 8 до 10 век и довело до постепено изумирање на зороастријанската религија. Меѓутоа постигнувањата на оваа царство во претходниот период не биле изгубени туку биле присвоени од исламската култура и претопени во ново политичко и цивилизациско царство.
После вековна окупација и нивните династии кои кратковремено претстојувале на престолот, Иран повторно била споен во својата целовитост како независна држава во 1501 годинаR.M. Savory, Safavids, Encyclopedia of Islam, 2nd edition. За време на династијата на Сефевидите кои го востоставиле исламскиот шиизам како официјална државна религија, создавајќи пресвртница во историјата на исламот"The Islamic World to 1600", The Applied History Research Group, The University of Calgary, 1998 , retrieved 1 October 2007. Иран бил монархија со кој владеел шах или цар, скоро и без престан од 1501 до 1979 година, до Иранската револуција по која Иран станала република на 1 април 1979 годинаIran Islamic Republic, Encyclopædia Britannica retrieved 23 January 2008Encyclopædia Britannica 23 January 2008 .
Во текот на првата половина на 19 век Иран изгубил многу од своите територии на Кавказ, кои со векови биле составен дел на Иран. На овие територии денеска се наоѓаат земјите како Источна Грузија, Дагестан, Азербејџан и Ерменија, и истите биле освоени од страна на Руското Царство по крајот на руско-персиските војни помеѓу (1804-1813) и (1826-1828)Timothy C. Dowling Russia at War: From the Mongol Conquest to Afghanistan, Chechnya, and Beyond pp 729 ABC-CLIO, 2 dec. 2014 .
Праисторија
Палеолит
Најраните археолошки артефакти во Иран се најдени во Кашафруд и Гањ Пар и се проценува дека нивната старост е околу 800,000 години во раниот палеолитThe Lower Paleolithic Occupation of Iran, http://www.jstor.org/stable/25067668?Search=yes&resultItemClick=true&searchText=biglari&searchUri=%2Faction%2FdoBasicSearch%3Ffilter%3D%26amp%3BQuery%3Dbiglari&refreqid=search%3A4e4b86f561ccbb47cc7d2eb821506784&seq=1#page_scan_tab_contents. Мустеријанско камено орудије направено од неандерталци исто така било пронајденоhttp://www.pbase.com/k_amj/tehran_museum retrieved 27 March 2008. Пронајдени се повеќе културни остатоци од неандерталец кои датираат од средниот палеолит најчесто во регионот Загрос и неколку од Централен Иран како што се Ќобе, Кунџи, Бисетун, Тамтама, Варваси и пештерата ЈафтеJ.D. Vigne, J. Peters and D. Helmer, First Steps of Animal Domestication, Proceedings of the 9th Conference of the International Council of Archaeozoology, Durham, August 2002, . Во 1949 година од страна на Карлтон Кун биле откриени остатоци од нерндерталски живеалишта во пештерата Биситун. Доказите за постоење на активности во доцен палеолит биле пронајдени околу регионот Загрос во пештерите на Керманшах и Ќорамабад, како и неколку во Алборц и Централен Иран.
Неолит во Енеолит
Постојат предмети со човечки или животински лик стари 9,000 г. пронајдени во Тепе Сараб во подрачјето на Керманшах. Во 8 милениум п.н.е. стари земјоделски заедници биле пронајдени како едни од најстарите селски населби наречени Чога Бонут во Суса, по претпоставка дека овие населби биле создадени своеиницијативно или како резултат на туѓо влијание. Со проценета иста старост биле пронајдени човечки и животински теракотни фигури во Гањ Даре, во Западен Иран.
Југозападниот дел на Иран бил меѓу првите региони користени за одгледување на житни култури, во селата како СусаThe Archaeology of Elam: Formation and Transformation of an Ancient Iranian State – by D. T. Potts, Cambridge University Press, 1999-07-29 – page 46–47 – hardback, Чога Миш, а во планинскиот масив Загрос биле пронајдени тегли за вино стари 7000 г. како и остатоци од населби со приближно иста старост. Двата главни населби од периодот на неолитот биле речната цивилизација на Зајанде Гањ Даре.
Бронзено време
Делови од денешниот северен западен Иран биле дел од културата Кура-Аракс (околу 3400 п.н.е., околу 2000 п.н.е.), кои се протегале во соседните региони на Кавказ и Анадолија., page 44, page 163.
Суса е една од најстарите населби во Иран па и во светот. Била основана најрано во 4,395 г.п.н.е.The Archaeology of Elam: Formation and Transformation of an Ancient Iranian State – by D. T. Potts, Cambridge University Press, 29/07/1999 – pp. 45–46 – hardback, постара дури и од населби пронејдени во Месопотамија. Главниот заклучок којшто го имаат археолозите е дека Суса е продолжеток на сумерскиот град – држава УрукAlgaze, Guillermo. 2005. The Uruk World System: The Dynamics of Expansion of Early Mesopotamian Civilization. Во нејзината подоцнежна историја, Суса прераснала во главен град на Еламското Царство основано 4000 г.п.н.е. Низ целокупната територија на Иран може да се пронајдат голем број на населби чија старост би се проценила на 4000 г.п.н.е. Една од најстарите култури на Иранската Висорамнина е цивилизацијата Жироф во југоисточен Иран, во провинцијата Керман.
Оваа местоположба е една од најголемите наоѓалишта на археолошки артефакти во целата област. Археолошките ископини во Жироф пронашле неколку објекти стари 4000 г.п.н.е. постојат многубројни артефакти украсени со животински мотиви, митолошки фигури и други мотиви. Предметите и нивната иконографија се нешто со што археолозите првпат се судриле. Многу од нив биле направени од хролит, сиво-зелен камен, други од бакар, бронза, теракот, а некои дури и од лапис лазули. Неодамнешни ископини на наоѓалишта откриле записи постари од оние од МесопотамијаCultural Heritage news agency retrieved 27 March 2008.
Постојат записи за останати антички цивилизации кои живееле во Иранската Висорамнина пред доаѓањето на иранските племиња во текот на раното железно време. Во раното бронзено време се случиле првите урбанистички градби внатре во самите градови, како и пронаоѓањето на пишувањето во Блискиот Исток. Додека Еламите во бронзеното време се користеле со пишани форми на изразување, писмото на Протоеламите сè уште не е дешифрирано а записите од Сумер кои се однесувааат на Еламите се ретки т.е. недоволни. Рускиот историчар Игор М. Дијаконов смета дека современите жители на иранското плато се потомци на главно неперсиски групиDiakonoff, I., M., "Media", Cambridge History of Iran, II, Cambridge, 1985, p.43 [within the pp.36–148]. This paper is cited in the Journal of Eurasian Studies at page 51..
Рано железно време
Записите стануваат се почести со појавата на Новоасирското Царство и нејзината појава на Иранската Висорамнина. До раниот XX век, постоела теорија дека племињата доаѓале на Иранската Висорамнина од понтиско-касписките степи. Некои тврдат дека со доаѓањето на иранските народи, Еламите биле приморани да ги предадат териториите во нивни раце и полека да се повлечат во Суса, Ќузистан и околината по што подоцна таа област била ограничена само со Елами. Bahman Firuzmandi say that the southern Iranians might be intermixed with the Elamite peoples living in the plateau.^ Bahman Firuzmandi "Mad, Hakhamanishi, Ashkani, Sasani" pp. 20. Други научници сметаат дека едноставно со доаѓањето на Иранците, Еламите само се измешале со нив. Кон средината на првиот милениум п.н.е. Медејците, Персијците и Партите биле тие кои ги населиле овие простори.
Класичен антички период Медијанско и Ахеменидско Царство
Во 646 година асирскиот крал Асурбанипал ја опустошил Суса, со што завршила доминацијата на Еламитите во регионот. Во период од 150 години Асирските кралеви се обидувале да ги освојат медијанските племиња во Западен Иран. Под притисок на Асирското Царство, малите кралства на западен Иран се сплотиле во поголема и поцентрализирана држава.
Во втората половина на 7 век п.н.е., медијанските племиња се здобиле со независност и се соединиле под водство на Дејок. Во 612 година п.н.е. Кијаксар Велики, внукот на Дејок, и вавилонскиот крал Набопаласар извршиле инвазија на Асирија и поставиле опсада и подоцна го уништиле Ниневех, асирскиот главен град, со што подоцна доведе уништување на Новоасирското Царство. На Медесите им се придодава како на зачетници на Иран како и царство, и дека го создале првото иранско царствоUrartu – Lost Kingdom of Van , најголемата дотогаш видена сè до унификацијата на Медесите и Персијците под водство на Кир Велики кој го основал Ахеменидското Царство.
Кир Велики ги совладал Медесите, Либијците и Вавилонците, создавајќи уште поголемо царство од Асирското. Тој се покажал како поспособен, попрактичен, да се помират неговите поданици на персиски правила, а со тоа да создаде долготрајна империја. Персискиот крал, исто како асирскиот, бил нарекуван „Крал над кралевите“. Камбиз II го освоил Стар Египет, отфрлајќи ја 26. Династија. Според записи од Херодот, тој починал поради болест, а други извори тврдат дека тој бил убиен поради непочитување на Египетските богови. Како и да е, за негов наследник бил назначен Дариј I, по неговите тврдења дека тој водел директна линија на потекло од Ахеменидската династија.