Микаел Мандрон (роден на 11 октомври 1994) — француски фудбалер, напаѓач, кој во моментов игра за Флитвуд Таун како позајмен од Сандерленд.
Клупска кариера По некое време играње за клубови од пониските лиги во Франција, тој му се приклучил на Сандерленд во 2011 година, на возраст од 16 години. По повредата на Стивен Флечер, тој бил повикан на тренинг со првиот тим. На 30 март 2013, тој бил неискористена замена во натпреварот против Манчестер Јунајтед. На 29 април 2013, тој го направил своето професионално деби против Астон Вила влегувајќи во игра во 85-тата минута како замена за Дани Греам во поразот со 6-1. Кога Мандрон се појавил на теренот можел да направи деби од соништата бидејќи бил близу да постигне гол, но ударот на тинајџерот завршил во рацете на голманот. Во последното коло од сезоната 2012-13 од Премиер лигата, Мандрон направил уште еден настап за првиот тим на Сандерленд влегувајќи повторно како замена во поразот со 1-0 од Тотенхем.
На 6 јануари 2014, Мандрон бил позајмен на Флитвуд Таун до крајот на сезоната.
Надворешни врски Микаел Мандрон на soccerway
Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1994 година