Меркиш Буххолц () — мал град во округот Даме-Шпревалд, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Даме, 20 километри северозападно од Либен (Шпревалд) и околу 50 километри југоисточно од Берлин.

Градот е најмал во Бранденбург. Основан во 12 или 13 век, првото спомнување на градот е од 13 август 1301, опишан како castrum et oppidum Buchholt. Градот бил тешко оштетен во текот на последниот ден на Втората светска војна, поради стратешката положба на реката Даме во борбата кај Халбе. Сојузниот автопат Б179 го поврзува градот директно со Берлин.

Наводи

Категорија:Даме-Шпревалд Категорија:Бранденбург (покраина)