Норвешка учествувала на Евровизија 64 пати откако го имала своето деби во 1960 година и оттогаш отсуствувала само двапати. Во 1970 година, земјата го бојкотирала натпреварот поради несогласувања околу структурата на гласање, а во 2002 година испаднала од лигата. Норвешкиот радиодифузер кој учествува во натпреварот е НРК, кој го избира својот учесник преку националниот натпревар Мелоди Гранд При.

Пред 1985 година, најдобриот резултат на Норвешка на натпреварот било третото место со песна од Осе Клевеланд во 1966 година. Трите победи на Норвешка на натпреварот ги постигнале „Ла де свинг (La det swinge)“ од Бобисокс во 1985 година, „Ноктурне (Nocturne)“ од Сикрет Гарден во 1995 година и „Феритејл (Fairytale)“ од Александар Рибак во 2009 година. Норвешка, исто така, завршила втора на натпреварот во 1996 година, со „И евигет (I evighet)“ од поранешната членка на Бобисокс, Елизабет Андреасен. Норвешка завршила последна во дванаесет финалиња на Евровизија, од кои четири пати со „нула поени“. Норвешка има вкупно 12 резултати меѓу првите пет на натпреварот, а последниот е петтото место со „Квин оф Кингс (Queen of Kings)“ од Алесандра во 2023 година.

Категорија:Норвешка музика