Лештарка или обична лештарка ( syn. Bonasa bonasia) — птица од родот лештарки (Tetrastes) и меѓу помалите членови на семејството на тетребите. Видот е непреселнички, присутен ширум северна Евроазија, на исток до Хокаидо (Јапонија), а на запад сè до средна и источна Европа. Живее во густи мешани иглолисни шуми, по можност онаму кајшто има смрча. Присутна е и во МакедонијаНекритички список на птиците во Македонија - Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012, каде во 2014 г. се забележани 312 единки.

Гнездото го прави на земја и положува по 3–6 јајца. Женката ги квачи јајцата и самостојно се грижи за младите во текот на нивниот развој, што е типично за ловните птици.

Птицата е долга 35-39 см. Перјето има ситна шара, но горниот дел е претежно сив, крилата се кафеави, а од долната страна е просеано со дамки со костенлива боја.

На главата мажјакот има кратка ќулавка што ја исправаат и црн врат обрабен со бело. Женката има помала ќулавка и нема црн врат. Во лет може да се забележи сивата опашка со црн завршеток.

Мажјаците се огласуваат со ти-ти-ти-ти-ти, додека пак женките имаат послеано тет-тет-тет-тет-тет. Огласувањето и претањето на крилата честопати се единствениот начин да се утврди присуството на оваа птица, поради нејзината плашливост и густината на дрвјата што ги населува.

Птицата се храни на земја, претежно со растенија. Во сезоната на парење исхраната ја дополнува со инсекти.

Наводи

Галерија

Категорија:Тетреби Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј