Дамчестата барска кокошка () е мала крајбрежна птица од семејството блатни кокошки. Ја има во Македонија. Распространетост

Дамчестата барска кокошка има малку нејасен и недоволно истражен опсег. Распростарнета е во умерените делови на Европа и западен Сибир, но се среќава и во Азербејџан, Казахстан и Средна Азија, Иран, Монголија и северозападно од Кина. Во Западна Европа е ретка, но ја има во некои области на Италија и Шпанија.Stanley Cramp, K. E. L. Simmons «The birds of the western Palearctic» vol.2. 1980. Oxford University Press Таа е птица преселница која зимува во Африка и Пакистан. Опис Дамчестата барска кокошка е долга 19-22,5 см и е малку помала од барската кокошка од која се разликува по краткиот прав клун, жолт со црвена основа. Возрасните имаат претежно кафеави горни делови и синосиви гради. Пердувите им се обрабени со црно и испрскани со бели точки. Имаат зелени нозе со долги прсти и кратка опашка светлокафена одоздола. Младенчињата се слични, но немаат сивосини гради, туку кафени. Огласувањето на овие птици, особено во сезоната на парење, е карактеристично ноќе, и звукот на мелодично уит-уит-уит може да се слушне на растојание од 1-2 км, а потсетува на капење вода. Тие свиркаат ритмички, околу 60-110 пати во минута. Вон сезоната на парење се тивки и едвај се слуша тук-тук звук. Во случај на опасност гласно крештат. Размножување За гнездeње избрираат влажни места или плитка свежа вода со густа вегетација; мочуришта, блата, мали езера, тивка река и сл. Предуслов се изобилство на грмушки или трска, рогозина или други водни растенија. Гнездото во вид на чинија е во пречник 15-17 см, високо 5-15 см, и 4,5-7 см длабоко, изградено од свежи растенија и добро маскирано и незабележливо ни од страна, ни одозгора. Обично имаат едно легло во сезоната, и несат 8-12 јајца, окер или зеленикавоокер, со црвени или кафени дамки. Ги квачат од 18 до 24 дена и двата родитела. Само неколку часа по испилувањето можат да го напуштат гнездото во кое навечер се враќаат. По околу 20 дена почнуваат самостојно да се хранат, а по 35-42 дена сосема се осамостојуваат. Исхрана Овие птици колваат со нивниот клун во калта или плитката вода или ја здогледуваат храната на површината. Главно јадат инсекти и ситни водни животни.

На дамчестата барска кокошка се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Галерија

Наводи

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Блатни кокошки Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј